ТРИ ПРОЕКТИ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ ОД НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ БЛЕСНАА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ ВО СТРАТЕГИСКИТЕ ПАРТНЕРСТВА ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/berlin/20190220_171020.jpgПонеделник, 25 февруари 2019 година

Во периодот од 20 до 22 февруари 2019 година, се одржа Конференција за иновации и стратегиски партнерства во Берлин, Германија, на која беа претставени 60 проекти од Европа, финансирани преку националните агенции за Еразмус+.

Делегацијата составена од двајца претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Милена Петрушевска и Јовица Митевски, претставник од секторот за поддршка на младите од Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев и претставници од организациите ЦИД Куманово, Мила Јосифовска, Еко Логик, Никола Нешкоски и Младиинфо, Марјан Ицкоски, од Скопје беа дел од Првата конференција за иновации во младинската работа за проекти спроведени преку програмата Еразмус+.

На конференцијата три проекти и тоа: „Саќе за учество на национални младински организации“ на ЦИД Куманово, „Јутокраси“ на Еко Логик Скопје  и „Охрабрување на младите да преземат акција (онлајн курс)“ на Младиинфо Скопје беа избрани од Комисијата на партнерството од национални агенции да ги презентираат моделите на проектите на саемот за најдобри практики во Европа.

Од најуспешните проекти, 12 беа презентирани во пленарната сала меѓу кои и проектот на Младиинфо Скопје.

Претставникот Марјан Ицкоски, исто така, одржа и работилница за следење на резултатите и секција за прашања од присутните.

Делегацијата, која беше дел од конференцијата, доби позитивни коментари и пофалби од присутните и организаторите за квалитетните проекти, што значително придонесе за подобрување на младинската работа во иновациите на европско ниво.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/berlin/20190220_142649.jpg

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/berlin/20190221_101516.jpg

 

Назад