ТСА Настан: Повик за контакт семинар во Рим, Италија
Тема (Theme): Еразмус+ за еднаквост и инклузија (Erasmus+ for equity and inclusion)
Целта на тренингот:
- Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на КА1 и КА2 проекти;
- Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;
- Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;
- Контакт семинарот ќе се реализира во Рим, Италија од 23 до 24 ноември 2017.
Таргет група:
- Таргет група за контакт семинарот се наставници од училишта, тренери, едукатори, комори, институции од образование, претпријатија и т.н..
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.
Трошоци
Принципот на покривање на трошоци е следниов:
- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од домаќинот или координаторот;
- Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.
Рок и начин за аплицирање
Рокот за аплицирање е до 17 септември 2017 година.
За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk со назнака „Контакт семинар Италија“.