УЧЕСТВО НА 15. СОСТАНОК НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ИНОВАЦИИ, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Четврток, 18 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА 15. СОСТАНОК НА ПОТКОМИТЕТОТ ЗА ИНОВАЦИИ, ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 

На 11 април 2019 година, во Брисел, се одржа 15. состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. 

Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на состанокот присуствуваше Милена Петрушевска - раководител на Одделението за буџетска координација. 

На состанокот се дискутираше за соработката со ЕУ во областа на образованието и обуките, потоа за функционирањето на Националната агенција и учеството во Еразмус+ програмата при што беа истакнати и пофалени активностите и постигнатите резултати, особено за 2018 година.

 

Назад