Учество на Директорот на НА, Г-дин Дарко Димитров,на научна конференција на УКИМ Скопје

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и моблиност г-дин Дарко Димитров на 15.05. 2014 година учествуваше на научната конференција „Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија“ и даде активен придонес  за нејзината успешна реализација.

Во рамките нанаучната конференцијатој го презентираше трудот со наслов МОБИЛНОСТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КОНЦЕПТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Научната конференција „Реформите во воспитно-образовниот систем во Република Македонија“ се одржа во склопна традиционалниот настан Денови на педагогијата кој Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје секоја година го организира по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24-ти Мај.

Слики од настанот можете да видите на следниот линк.

Назад