УЧЕСТВО НА ЕКВЕТ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/viennaekvet/image001.jpgВторник, 11 декември 2018 година

На 22 ноември, во Виена, Австрија, се одржа ЕКВЕТ конференција на која се дискутираше за воведување на ВЕТ во високото образование и вреднување на резултатите од воведувањето на високо стручно образование и обука, на која учествуваше и г-ѓа Марија Стефковска од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На конференцијата земаа учество министерот за образование на Австрија и директорот на Националната агенција од Австрија, како и ЕКВЕТ експерти од повеќе земји.

На почетокот се дискутираше околу терминот „високо стручно образование и обука“, затоа што во повеќето земји овој термин различно се толкува. Европските инструменти, особено ECVET и NQF/EQF, можат да го поддржат процесот преку донесување алатки за обезбедување на квалитет и појасно структурирање на квалификациите.

Придонес на конференцијата дадоа Швајцарија, Холандија и Шведска, кои го  презентираа образовниот систем во земјата и ги споделија своите визии за иднината на високото стручно образование и обука, како на пример, мотивација за развивање квалификации за стручно образование и обука на повисоки нивоа, обезбедување на квалитет, валидација и кредитни системи, нови работни места, национални рамки за квалификации итн.

Свое мислење за воведување на високото стручно образование дадоа и ЕКВЕТ експертите од Австрија, кои напоменаа дека се на самиот почеток на дефинирање на поимот и усогласување со EQF по однос на примена на истото.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/viennaekvet/image002.jpg

Назад