Учество на ЕПАЛЕ Конференција за социјални партнери

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/varsava1.jpgЧетврток, 10 октомври 2019 година

Во организација на Централниот сервис за поддршка, во Варшава, Полска, во периодот 1 до 2 октомври 2019 година се одржа ЕПАЛЕ Конференција за социјални партнери.

Настанот обедини повеќе од 220 претставници на Националните сервиси за поддршка, провајдери во образованието за возрасни, едукатори, донесувачи на одлуки, новинари и други лица со професионална улога во образованието за возрасни од повеќе од 38 држави.

Главната цел на конференцијата беше да се вклучат европските и националните заинтересирани страни за учење на возрасни, наставници за возрасни и корисници на ЕПАЛЕ, во конструктивни дискусии за создавање на најдобра иднина за заедницата ЕПАЛЕ, и тоа преку: 

1. Продлабочување на разбирањето на ЕPALE преку размена на искуства, добри практики, студии на случај и идеи за поддршка на EPALE низ цела Европа ;

2.  слушање на ставовите на главните засегнати страни и корисниците за начините за кои тие би сакале ЕПАЛЕ да ја развие поддршката за заедницата;

3.  развивање на ентузијазмот кај засегнатите страни и корисниците за да бидат активен дел од ЕПАЛЕ заедницата која напредува. 

Дел од конференцијата беше посветен на работа по групи во кои учесниците имаа можност да споделат искуства на различни теми: ЕПАЛЕ како можност на унапредување на вештините, ЕПАЛЕ како монитор на образованието за возрасни, начини на користење на ЕПАЛЕ од страна на проектните партнери, гласот на учениците, како и поврзаноста на ЕПАЛЕ со континуираната ВЕТ.

За прв пат, на еден ваков голем ЕПАЛЕ настан, присуствуваше и делегација од нашата држава, составена од две претставнички на Националниот сервис за поддршка, Љупка Ќуркчиева и Драгица Ивановска, како и двете ЕПАЛЕ амбасадорки, Фатма Бајрам Аземовска и Невенка Лонгурова Гирова.

Покрај официјалниот дел од настанот, за нас и за нашите амбасадорки значајна и корисна беше можноста за размена на искуства со колегите од другите држави, неформалното дружење и продлабочување на соработката во рамките на ЕПАЛЕ, особено на регионално ниво.

 

Назад