УЧЕСТВО НА ЕВРОАЗИСКИ САМИТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/june/moskva/65081593_865009757218363_7054832157067313152_n.jpgПонеделник, 24 јуни 2019 година

Од 16 до 20 јуни 2019 година, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи учествуваа на Евроазиски самит за високо образование.

На самитот учествуваа и претставници од ФОН Универзитетот и Универзитетот ВИЗИОН од Република Северна Македонија, како и универзитети од Русија, Германија, Велика Британија, Обединети Арапски Емирати, Швајцарија и др.

Овој самит беше од голема важност за продлабочување на соработката помеѓу универзитетите и националните агнеции во делот на ЕРАЗМУС+ Меѓународна соработка (КА107)  и проектот „Студирај во Европа“.

Воедно, на самитот се разговараше за организирање на ваков тип на настан идната година во Република Северна Македонија.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/june/moskva/64901334_862560127452955_2958506604586074112_n.jpg

Назад