Учество на конференцијата LOOK BEYOND

Директорот на Националната агенција, Г-дин Дарко Димитров, учествуваше на конференцијата LOOK BEYOND што се одржа од 10 до 11 јуни 2014 во Конгресниот Центар на Скопски Саем. Конференцијата собра на исто место претставници од: Македонската национална агенција, Младинскиот оддел при Советот на Европа, Европската комисија, Партнерство за млади помеѓу ЕУ и Советот на Европа, Европскиот младински форум, SALTO ресурсни центри, како и млади луѓе од 70 младински организации од Македонија и Европа. Ова е единствен настан во Македонија од ваков тип, кој на едно место ќе собере преку 200 преставници на младинскиот и граѓански сектор од цела Европа, со значајно присуство на Европските институции.

На конференцијата ‘Look Beyond’ беше анализирана и оценета улогата на Европската програма за млади „Млади во акција“. Програмата ‘Mлади во акција’ се реализираше во период од 2007-2013 година, со вкупен буџет од  885 мил. евра, преку кој илјадници организации реализираа проекти во насока на подобрување на активното учество на младите во општеството.

Сликит од настанот можете да видите на следниот линк, а Веб сајтот на конференцијата е достапен на http://lookbeyond.cid.mk/.

 

Назад