Учество на Националната агенција на Европски пикник

tl_files/docs/eplus/2018/Images/13May2018/DDzC_0130.JPGПонеделник, 14 мај 2018 година

 

По повод денот на Европа, на 12 мај 2018 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) и Младите европски федералисти (ЏЕФ Македонија) организираа Европски пикник со разновидни содржини и активности, во централниот парк на Скопје, прославувајќи го ЕУ-денот и запознавајќи ги, на тој начин, граѓаните со Европа.

На Евро пикникот учествуваше и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со свој информативен штанд, кој беше масовно посетен.

Притоа присутните имаа можност да се запознаат со програмата Еразмус + и со сите можни начини за нејзино искористување.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/13May2018/DDzC_0135.JPG

 

 

 

Назад