Учество на настан „Кон колаборативни практики“

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/Madrid.jpgПеток, 25 октомври 2019 година

Од 15 до 19 октомври, во Мадрид, Шпанија, се одржа настан „Кон колаборативни практики“, организиран со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, а во соработка со Националните агенции од Шпанија, Велика Британија и Унгарија.

Овој настан поддржува меѓусекторска соработка кој им овозможува на учесниците интерактивна и динамична соработка преку размена на искуства, алатки и методи за работа кон реализирање на иновативни идеи и проекти.

Целта на настанот беше да се истражат потенцијалите на младинската работа и поддршка на социјалните иновации и претприемништво кон напредна колаборативна практика во социјалниот претприемнички екосистем.

На настанот земаа учество претставници од различни сектори од преку 20 земји во Европа, кои работеа на примери од социјални иновации и претприемнички практики, успешни и неуспешни примери за проекти и бизнис идеи за да се запознаат со концептот на социјалното претприемништво.

Претставникот од Националната агенција, г. Јовица Митевски, како дел од организационата група, одржа серија работилници кои тематски ја опфаќаат реализацијата на програмата Еразмус+.

Овој настан е дел од серијата настани на стратегиското партнерство „Млади на работа“ во кое Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е партнер заедно со 14 Национални агенции и САЛТО ресурсни центри.

Продолжение на настанот ќе се одржи во Кипар наредната година, а Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе биде дел од организацијата и ќе поддржува учесници да земат учество.

 

Назад