Учество на Недела на стручни вештини

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/vet skills week.jpgПеток, 18 октомври 2019 година

Во организација на Европската комисија и Националната агенција за образование од Финска, во периодот од 14 до 18 октомври се одржува Неделата на стручни вештини во Хелсинки, Финска.

На настанот земаат учество организации  од најмалку 45 држави. Тие се домаќини на настани и активности кои ги нагласуваат придобивките од стручното образование и обука и имаат за цел да се потенцира начинот на кој СОО може да се спротивстави на нееднаквоста и да понуди практична обука за сите возрасти.

На настанот се говореше и за промените кои доаѓаат со новата Еразмус+ програма, но, исто така, се дадоа и неколку примери на успешни приказни од проекти одобрени од страна на финската национална агенција за образование.

Во текот на целиот настан се предвидени и посети на повеќе институции кои активно работат на полето на стручното образование и обука (средни стручни училишта, стопански комори, компании, центри за стручно образование и обука итн.) 

Целта на овие посети е учесниците подобро да се запознаат со системот на образование на Финска,  начинот на работа на сите институции од СОО и да се промовира вредноста на стручното образование и обука.

Назад