УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА СОСТАНОК ЗА ВЕШТИНИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/madrid/20181024_093919.jpgПеток, 26 октомври 2018 година

Претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Љупка Ќуркчиева, вработена во Одделението за стратешки партнерства од областа на високото образование и образование на возрасни и г. Јовица Митевски, вработен во Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог, од 22 до 25 октомври 2018 во Мадрид, Шпанија присуствуваа на состанок за вештини при вработување на младите и презентација на моделите „EntreComp” и „DigComp”.

На состанокот беа разработени предностите за користење на моделите и стратешко планирање на активностите за следење на компетенциите.

Дел од работната агенда, на состанокот, беше наменета за можностите на интеграција на национално ниво, во поглед на користење на компетенциите кои се овозможени од моделите и како истите би имале примена во полињата со кои работи Националната агенција.

Моделите „EntreComp” и „DigComp” се изработени од Центарот за научни истражувања во Севиља, Шпанија, кој како тело на Европската комисија работи на поддршка на ЕУ политиките преку независна научна работа базирана на докази и факти.

Националната агенција преку соработка со Центарот за научни истражувања и стратешкото партнерство на Национални агенции „Млади на дело“, ќе го овозможи пристапот до документите на својата интернет страница за сите заинтересирани да добијат детален преглед на достапните компетенции, и како истите може да најдат примена во својата работа.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/madrid/20181024_114055.jpg

Назад