УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ИНКЛУЗИВНИ МЕТОДИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Петок, 30 ноември 2018 година

На 29 ноември во Занаетчискиот дом Куманово се одржа конференција на која учествуваа наставници од основни и средни училишта, претставници од невладиниот сектор и млади луѓе, на која преку работна дискусија беше одржан панел за инклузивни методи во образованието, идентификување и инклузија на лицата со помали можности и посебни потреби во образованието.

Претставникот на Националната агенција, г. Јовица Митевски, како говорник на панелот, ги претстави моделите на акциите преку Еразмус+ програмата кои поддржуваат инклузивни методи преку неформалното образование и притоа презентираше примери од добри пракси - проекти финансирани од програмата.

Други говорници на панелот, кои земаа дискусија, беа претставници од Дневниот центар во Куманово, потоа психолог од СУГС „Орце Николов“ од Скопје, претставници од ЦИД Куманово и други.

Конференцијата беше организирана од ЦИД Куманово, во соработка со повеќе организации од Европа, кои на крајот од конференцијата се договорија да  изработат Водич со примери од добри практики.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/kumanovo/kumanovo-29112018.jpg

Назад