Учество на работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/meriot/foto3.jpgПеток, 29 јуни 2018 година

На 26 јуни, во хотел Мериот Скопје, беше одржан работен состанок на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси, на кој присуствуваа раководителот за управување со човечки ресурси во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и номиниран член на мрежата.

Состанокот беше организиран од страна на Министерството за информатичко општество и администрација со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој главна цел беше да се изгради функционална Мрежа на организациони единици за управување со човечки ресурси, којашто ќе служи како алатка на институциите од јавниот сектор за комуникација, размена на мислења, имплементација на унифицирани стандарди  во управувањето со човечки ресурси и примена на легислативата, како и споделување на добри локални и меѓународни практики од областа на управувањето со човечките ресурси.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/meriot/IMG_4195.jpg

Назад