УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОГАЈДЕНС

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/bucharest/Bukurest9.4.2019.jpgВторник, 16 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОГАЈДЕНС 

Од 9 до 11 април во Букурешт, Романија се одржа работен состанок за европската мрежа Еврогајденс на кој присуствуваше г-ѓа Марија Стефковска, вработена во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На состанокот се дискутираше околу задачите на Еврогајденс центрите во Европа и околу поднесувањето на извештаите до Економската комисија.

За таа цел, се работеше во групи (МГ) кои подоцна се преименуваа во главни групи за извршување на задачи (МТГ).

На состанокот се дискутираше за целите, визијата и обврските на сите центри. Центарот, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, е дел од првата група (European dimension in guidance -Европска димензија на водството).

Состанокот успешно заврши со закажување на нови термини за идни средби на работните групи и остварување на уште подобри резултати во иднина.

Назад