УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОПАС

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/brisel-europass/Brisel 1.jpgПонеделник, 15 април 2019 година 

УЧЕСТВО НА РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА ЕВРОПАС 

Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 10 април учествуваше на работен состанок за европската мрежа Европас во Брисел, Белгија.

Состанокот беше наменет за можности за учење кои би биле дел од новата платформа на Европас следната година. Се работеше во групи со претставници од другите Европас центри од Европа.

Истата работна група треба да има уште еден работен состанок, во текот на следниот месец, за да ги дефинира можностите за учење кои би важеле за цела Европа и кои би биле дел од новата Европас платформа.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/brisel-europass/Brisel 2.jpg

Назад