Учество на Република Македонија во Европските образовни програми

Почитувани,

    Со особена чест и задоволство Ве информираме дека со одлука на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, Република Македонија ќе учествува во програмите за Доживотно учење и Млади во акција во 2012 година. Со ова македонските студенти, професори, стручен и администативен персонал, граѓански организации , училишта, градинки, универзитети, приватни компании ќе можат да бидат дел од овие европски програми.  Ова за Република Македонија е навистина силна порака, силен импулс кој треба да претставува поттик за понатамошно напредување.

Ви посакуваме успешно вклучување во програмите за Доживотно учење и Млади во акција.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Назад