УЧЕСТВО НА САЕМ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЊУ ДЕЛХИ

Четврток, 9 мај 2019 година

УЧЕСТВО НА САЕМ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЊУ ДЕЛХИ

Од 2 до 4 мај, на покана на UNI AGENTS INDIA претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи и директорот на ФОН Универзитетот, г. Леон Бакрачески присуствуваа на саем за високо образование во Њу Делхи, Индија.

На саемот за високо образование беа реализирани многу состаноци со претставници од високообразовни институции и агенции од Азија, Африка и Европа.

Воедно претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност спроведоа промоција на програмата Еразмус+ и проектот Студирај во Европа пред студенти од Њу Делхи, Индија.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/newdelhi/59465325_10218587800949903_7630570886713573376_n.jpg

tl_files/docs/eplus/2019/photos/april/newdelhi/59301695_10218587799269861_6324399975413317632_n.jpg

Назад