Учество на Саем за кариера и вработување

tl_files/tiny_templates/sliki/zana sliki/75210876_529891041177099_4632859111980007424_n.jpgВторник, 22 октомври 2019 година 

На 22 октомври се одржа Саем за кариера и вработување 2019 година, на платото при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.

Националната агенција за европските образовни програми и мобилност беше дел од овој саем со свој штанд и свои претставнички: г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Анабела Насковска.

Претставничките од Националната агенција им објаснуваа на студентите како да пополнат Европас кратка биографија, како и каде да аплицираат за студентска мобилност и пракса и какви сè можности нуди Националната агенција.

Саемот беше доста  посетен, особено од млади лица меѓу кои беа и учениците од АСУЦ Боро Петрушевски и од СУГС Георги Димитров, кои кои покажаа голема заинтересираност за програмата.

Тие не известија дека еднаш веќе биле  на мобилност преку Еразмус+, во областа на стручно образование, за што се многу благодарни на соработката со Националната агенција и успешно завршениот проект.

Притоа, не известија дека повторно ќе одат на мобилност и дека се многу среќни затоа што се стекнале со нови вештини и нови знаења.

 

Назад