Учество на Саем за кариера и вработување
Вторник, 22 октомври 2019 година
На 22 октомври се одржа Саем за кариера и вработување 2019 година, на платото при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.
Националната агенција за европските образовни програми и мобилност беше дел од овој саем со свој штанд и свои претставнички: г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Анабела Насковска.
Претставничките од Националната агенција им објаснуваа на студентите како да пополнат Европас кратка биографија, како и каде да аплицираат за студентска мобилност и пракса и какви сè можности нуди Националната агенција.
Саемот беше доста посетен, особено од млади лица меѓу кои беа и учениците од АСУЦ Боро Петрушевски и од СУГС Георги Димитров, кои кои покажаа голема заинтересираност за програмата.
Тие не известија дека еднаш веќе биле на мобилност преку Еразмус+, во областа на стручно образование, за што се многу благодарни на соработката со Националната агенција и успешно завршениот проект.
Притоа, не известија дека повторно ќе одат на мобилност и дека се многу среќни затоа што се стекнале со нови вештини и нови знаења.