УЧЕСТВО НА СОСТАНОК НА КООРДИНАТОРИ ЗА ЕУРОДЕСК МРЕЖАТА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/riga/44897507932_2e29abe7ec_k.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски, во својство на национален координатор на Евродеск во Македонија, учествуваше на меѓународниот годишен состанок на мрежата на координатори од Европа.

Состанокот се одржа од 18 до 22 септември 2018 година, во Рига, Латвија, на кој се разговараше за подобрување на каталогот за квалитет и негово спроведување на национално ниво, подобрување на соработката со информативните центри, спроведување на кампањата „TIME to MOVE” за 2018 година и имплементирање на активности, како и подобрување на политиките за работа во периодот по завршување на програмата Еразмус+. 

Втора година по ред, Евродеск националниот центар во Македонија добива позитивни оцени за поднесените Каталози за квалитет од Евродеск Брисел Линк, координаторот од Евродеск за националните центри во Европа.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/riga/44897547242_bf8fb04d53_k.jpg

Од 2014 година, Евродеск националниот центар, како дел од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, е членка на мрежата Евродеск, која успешно е вклучена во сите активности што се предвидени на годишно ниво.     

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/riga/44946443511_af50bccb27_k.jpg

Назад