УЧЕСТВО НА ТРЕНИНГ/КУРС ЗА НОВОДОЈДЕНИ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ АГЕНЦИИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/brisel2/20181213_144526.jpgЧетврток, 13 декември 2018 година

Во периодот од 26 до 30 ноември 2018 година, во Брисел, се одржа тренинг - курс за новодојдените во Националните агенции, на којшто учествуваа 28 учесници од од 14 Национални агенции од Европа .

Главен акцент на тренингот беше ставен на активностите во спроведувањето на програмата за Млади - неформално учење, на којшто од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваше Драгица Ивановска од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование. Целта на оваа обука е да развие холистичко разбирање и познавање на новодојденците за Европските младински програми и за можностите/поврзаноста помеѓу различните делови од програмите. Потоа да се ​​развијат надлежностите на новодојдените за поврзување на спроведувањето на програмите со вредностите и општите цели на самите програми и младинската политика на ЕУ.

Специфичните цели на обуката се: новодојдените да ја  разберат рамката на Европските младински програми и нивното место во рамките на мрежата, да им се овозможи на новодојденците да се запознаат со мрежата и нивната улога во овој контекст, да се ​​стимулира соработката на европско ниво и да се ​​стимулира саморефлексија во неформална средина за учење.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/brisel2/20181213_144634.jpg

 

Назад