Учество на Втората европско–западна балканска конференција „Берлинскиот процес – нов импулс во младинската работа“

Четврток, 31 мај 2018 година

Од 23 до 25 мај директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, учествуваше на Конференцијата за влијанието на Берлинскиот процес во полето на млади со посебен акцент на состојбата на земјите во регионот.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/CrnaGora/33963487_10156326034728116_2198289091022290944_n.jpg

Конференцијата ја организираа САЛТО ЈИЕ - ресурсниот центар за Југоисточна Европа во соработка со Националните агенции на Германија, Македонија, Словенија, потоа Здружението АДП-ЗИД и Контакт точка за Млади во акција од Црна Гора.

Конференцијата беше отворена од страна на Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора и Соња Митар, директор на САЛТО ЈИЕ.   

Во рамките на конференцијата, по четири години од почетокот на Берлинскиот процес во 2014 год., имаше можност да се направи анализа за влијанието на Берлинскиот процес во полето на младите. Каде има потреба од идни или дополнителни активности? Што можеме да направиме во иднина? 

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/CrnaGora/34014167_10156326037583116_5667385213097869312_n.jpg

Триесет млади практиканти од Erasmus + програмските и партнерските земји од Западен Балкан анализираа и дискутираа за областите каде младинската работа може и треба да одигра важна улога.

Работните групи дискутираа за: младинска партиципација, граѓанско образование (со европска димензија) и социјална инклузија.

Дискусиите во работните групи беа насочени кон следните прашања:

Какви иницијативи и проекти се имплементирани во последните години?

Што може да се направи и што можеме да направиме да се зголеми нивното влијание?

Кои се клучните пораки за следниот самит на Берлинскиот процес во Лондон и други политички процеси?

По тридневна интензивна работа, работните групи дадоа предлози и препораки, со цел да се стимулира понатамошниот развој во Западниот Балкан и на европската интеграција на регионот.

На крај на конференцијата завршните предлози и препораки беа пренесени преку видео-линк, со цел младите во регионот да може директно да ги следат заклучоците на учесниците.

На конференцијата тројца вработени од Националната агенција на Македонија активно учествуваа во работните групи во секоја област.

Директорката Димова имаше свое обраќање до присутните со анализа на состојбата на младите во регионот и идните перспективи кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

Исто така, се осврна и на добрата практика од Македонија, т.н. ИПА 2 механизам, кој е финансиран од ЕУ и претставува форум за консултации меѓу ЕК и граѓанските организации.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/May2018/CrnaGora/Crna gora.jpg

 

Назад