Успешни приказни: Учество во eTwinning КУРС ЗА ONLINE МОДЕРАТОРИ

tl_files/docs/llp/twin/logo_etwinning.gif

Мојот профил на веб платформата eTwinning.net постои од 2011 година. Курсот беше најавен на почетната страница каде во континуитет се нудат најразлични обуки, работилници, видео конференции и сл. од секоја гранка на образованието кои би ги задоволиле потребите и вкусовите на колегите наставници од цела Европа. Пријавувањето беше во септември 2014 година и од две илјади пријавени апликанти изборот на падна на двесте партиципиенти од најразлични држави од Европа меѓу кои и јас како единствен учесник од Македонија.
Станува збор за доста интензивен курс кој се реализира цели четири месеци (од 19ти септември до 19ти декември 2014 година) и е дизајниран со цел да одговори на зголеменото побарување на вештини за online модераторство во рамките на образованието. Поделен е во четири модули:
-Модул 1 : Разбирање на природата на eTwinning заедницата
-Модул 2: Оnline модераторски вештини и справување со познавањето и содржината
-Модул 3: Работење со online алатки
-Модул 4: Развој и рефлексија
 Главни цели на овие модули се:
-да се научи како ефективно да се води eTwinning или Learning Event
-да се развијат вештини на online тутори
-да се научи како да се постават и имплементираат разновидни online задачи
-да се рефлектира на вештините поребни за ефективно online работење (модератоски вештини, поддршка, испитување на терен и подготвка итн.)
Курсот се карактеризира со одлична организација, континуирана поддршка во секое време и во секоја област, прецизно насочување, изобилство од материјали и корисни алатки, се ова осмислено и реализирано од еден голем тим на експерти и модератори, искусни практичари во  различни области. Голема мотивираност и активност најмногу поради начинот на кој се одржуваше интересот на партиципиентите  преку активно учество во официјални форуми кои беа наменети исклучиво за дискусии поврзани со материјата на курсот и не толку официјални форуми, поточно катчиња за друженње, каде имавме шанса да се дружиме и да споделуваме најразлични искуства, се со цел постојана интеракција. Тука се и  видео конференциите,  задавање на домашна работа во форма рефлексии, анализи, квизови, практична примена на алатките. Во текот на курсот се работеше и на сопствена креација на Learning Event за кој сами избираме тема, применувајќи ги материјалите и алатките кои ние беа обебедени, нашите стекнати вештини и знаења. На десет партиципиенти од останатите двесте ни беше понудено подетално да ја разработиме нашата идеја. Идеите кои се сметаа за добри беа одбрани за реализација на eTwinning порталот. Мојот десетдневен Learning Event на тема Improved Educational Achievements Lead Towards Internationalization е планирано да се реализира на есен со почетокот на наредната година.
И покрај интезивноста на курсот и обемноста на задачите за мене беше задоволство да учествувам на еден ваков курс, да се запознаам и да споделувам искуства и мислења и да учествувам во дебати со голем број на колеги од цела Европа за сите актуелни прашања во образованието и прашања од личен интерес и од интерес на училиштето, а најважно од се конкретните вештини и знаења со кои се здобив во областа на online модераторството и со овозможената шанса од страна на eTwinning и понатаму да ги развивам преку мојот личен Learning Event. Видиците за сите овие нови предизвици пред мене ги отворија Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус + и нејзините претходници, поточно обуките на работно место во Малта, Англија и Шпанија за кои имав одобрени грантови. Нашето училиште продолжува и понатаму со нови апликации во КА1 и КА2  а ќе се обидеме и во областа на спортот преку училишниот спортски клуб.

Благодарност на ЕУ и Националната агенција за сите пружени можности.

tl_files/docs/eplus/etwinning2015/img/snc.png

СОУ Кузман Јосифоски – Питу, Прилеп
Директор
Спасија Нешкоска Цуцулеска

 

 

 

 

 

 

 

Назад