Важна информација

Почитувани корисници,

 

Поради новонастаната состојба со разгорувањето на епидемијата на коронавирусот во Европа, а водејќи сметка за многу Еразмус+ проекти што треба да се спроведуваат во другите партнерски држави, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (натаму НА) ќе ве информира редовно на својата веб-страница за сите новости што ќе ги добива од другите национални агенции. Како ќе ги добиваме информациите од партнерските национални агенции или од Европската комисија, така ќе ве известуваме.

 

1)      Грција

Во Грција се преземени нови мерки за превенција на ширењето на коронавирусот. Имено, од 08/03/2020, а за период од 4 недели, ќе се суспендира спроведувањето на сите видови конференции. Од денес, 11/03/2020 и за период од две недели, училиштата, универзитетите и другите видови на образовни институции ќе останат затворени.

Министерството за здравство и Министерството за образование преземаат дополнителни заштитни мерки. Сите училишта, од сите нивоа на формално образование, универзитетите, јавните стручни институти и сите организации кои нудат неформално образование и обука се затворени до 24 март 2020 година и чекаат натамошни инструкции. Има формална забрана за конференции и настани. Други исклучителни мерки се преземаат од надлежните власти во неколку сектори: спорт, здравство, правда итн.

 

2)      Шпанија

На 9 март 2020 година, Советот на националниот здравствен систем на Шпанија донесе мерки за примена во образовниот сектор кои почнуваат од денес, 11 март 2020 година и ќе траат 15 дена за регионот на Мадрид и за градовите Виторија и Лабастида во Баскија. Тие мерки подразбираат:

-          Суспензија на наставата во училиштата на сите нивоа на образованието (високо образование и универзитети, средно образование, основно образование и градинки, стручно образование итн.), и

-          Суспензија на сите комплементарни и дополнителни образовни активности.

Исто така, Владата на Ла Риоја неодамна ги потврди погореспоменатите мерки почнувајќи од 11 март 2020 година и истите да траат 15 дена во целиот регион на Ла Риоја.

Во иста насока, сите директни летови од сите аеродроми во Италија до кој било аеродром во Шпанија, од 11 март до 25 март 2020 година се забранети.

 

3)      Турција

Со оглед на драматичното зголемување на бројот на случаи заболени од коронавирусот, турската влада донесе неколку мерки на претпазливост што се применуваат на јавните власти заради заштита на јавното здравје. Оттука, Турската национална агенција препорачува сите активности поврзани со спроведување на Еразмус+ програмата да бидат одложени или откажани – оние кои треба да се случат во Турција – а вработените во Националната агенција да се воздржат од сите патувања се додека не се елиминира ризикот.

 

4)      Литванија

Владата на Литванија официјално не препорачува патување во три држави – Кина, Кореја и Италија. Сепак, станува збор за „воздржување од патувања“ што значи дека не е забрането иако се препорачува образовните институции да се воздржат од патувања во држави во коишто официјално има заболени случаи од коронавирусот. Доколку е можно, се препорачува да се одложат активностите.

 


 

5)      Романија

Владата на Романија ги забрани сите мобилности заради учење (влезни и излезни) кои почнуваат од 11 март 2020 година. Забраната засега ќе трае до 31 март 2020 година. Училиштата се затворени до 22 март и во моментот се зависи од тоа дали вирусот и натаму ќе земам замав.

 

6)      Полска

Денес, 11-ти март 2020 година, Полската влада реше да ги суспендира часовите во сите образовни нивоа и во универзитетите во времетраење од две недели. Поради коронавирусот, активностите на културните установи се исто така суспендирани: театри, опери, концерти и кина. Сите масовни настани беа откажани вчера.

 

7)      Германија

 

Во контекст на коронавирусот во Германија, регионалната власт на Баварија одлучи да го пролонгира почетокот на летниот семестар 2020 на универзитетите од применети уметности како што се ликовната уметност и музичките факултети до 20 април 2020 година. Сите други баварски универзитети ќе го започнат летниот семестар навреме на 20 април 2020 година. Повеќе информации има на https://www.stmwk.bayern.de/ministerium/meldung/6473/start-des-sommersemesters-an-staatlichen-hochschulen-fuer-angewandte-wissenschaften-technischen-hochschulen-und-kunst-musikhochschulen-in-bayern-auf-den-20-april-verschoben.html

 

Од 13 март 2020 година, сите берлински универзитети исто така го одложија почетокот на летниот семестар до 20 април 2020. Од сите студенти и членови на персоналот кои биле во ризични предели онака како што тоа е дефинирано од страна на Роберт Кох институтот се бара да останат 2 недели во самоизолација и да не доаѓаат во кампусите. Сите универзитети од Baden Württemberg исто така мора да го одложи летниот семестар до 20 април 2020 година.

 

8) Република Чешка

 

Република Чешка воведе нови мерки во борбата против ширењето на коронавирусот вчера. Учениците од основно, средно, високо, стручно училиште како и универзитетските студенти ќе одат на посебно отсуство од среда, 11-ти март се до натамошно известување. Се советуваат училиштата и универзитетите да ги користат онлајн формите на настава. Во моментот, сите часови се откажани најмалку 2 недели или, најверојатно, 1 месец. Сите настани на кои се очекува присуство од над 100 лица се забранети. Според одлуката на Министерството за внатрешни работи и Државниот секретар при Министерството за образование, има и други исклучителни м,ерки кои влијаат врз работата на Националната агенција. До натамошно известување, НА мора да ги откаже сите патувања во странство и да го ограничи бројот на меѓународни настани во Чешка (со помалку од 100 учесници) до неопходниот минимум.

 

9)      Бугарија

 

Ситуацијата во Бугарија во однос на превенцијата на ширењето на коронавирусот е следна: Од понеделник 09/03/2020, Владата реши да ги суспендира до натамошни известувања: сите културни настани и масовни културни настани. Училиштата, некои универзитети и други видови на образовни институции ќе бидат затворени до 16/03/2020 во градовите каде што се детектирани случаи на коронавирусот. Другите универзитети, училишта и образовни институции во државата ќе отворат од утре 12/03/2020. Министерството за образование и наука ги забрани сите влезни и излезни мобилности до натамошно известување.


 

10)        Словачка

 

Од 12 март 2020 година во Словачка е прогласена вонредна состојба. Во текот на вчерашниот ден, Министерството за образование ја ажурираше директивата која забранува не само излезни, туку и „странски посети“. Училиштата (од сите нивоа) остануваат затворени.

 

11) Унгарија

 

Денес, 12 март 2020 година официјално е прогласена вонредна состојба на неопределено време:

-          Патувањата се целосно забранети за лица кои доаѓаат од Кина, Јужна Кореја, Иран и Италија. Граничната контрола со Словенија и Австрија е вратена.

-          Високообразовните институции се затворени од денес – се нудат само програми за далечинско учење

-          Сите училишни екскурзии, кампови и транснационални мобилности се запрени – засега училиштата остануваат отворени

-          Не смее да се одржуваат настани во затворен простор со над 100 учесници и на отворено со над 500 учесници.

 

12) Хрватска

 

Министерството за наука и образование им нареди на сите образовни институции да запрат со излезни мобилности и да ги одложат влезните. На гранични премини, на сите патници од загрозените области не им се дозволува влез во Хрватска или тие треба да одат во 15-дневен карантин. Од 13 март, сите образовни институции од регионот на Истра (близу словенечката и италијанската граница) се затворени. Се очекува препорака за откажување на сите големи настани со над 100 учесници, а некои региони веќе имаат забрането организирање на секаков вид на настани, на отворено и во затворен простор. Повеќето настани од Претседателството се откажани.

 

13) Словенија

 

Во Словенија сите образовни институции (пред-училишно, основно, средно и високо) ќе бидат затворени 14 дена почнувајќи од понеделник.

 

14) Малта

 

Високообразовните институции и училиштата во Малта се уште функционираат редовно, но тоа може да се смени во наредните денови. Малта ги запре патувањата во пет држави: Италија, Швајцарија, Германија, Франција и Шпанија во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. Оние што се враќаат од овие држави, како и од Кина, Хонгконг, Јапонија, Сингапур, Иран, Јужна Кореја, мора да ги следат задолжителните правила за карантин.

 

15) Данска

 

Владата во Данска објави дека сите виши средни и високообразовни институции ќе бидат затворени две недели почнувајќи од петокт. Целодневните градинки, основните и нижо средните училишта ќе бидат затворени две недели почнувајќи од понеделник. Од петок, сите јавни службеници ќе работат од дома за период од две недели, освен службениците во здравството, Полицијата, затворите итн. Приватните работодавачи се поттикнуваат да им дозволуваат на вработените да работат од дома, да земаат слободни денови или да одат на одмор. Се забрануваат настави во затворен простор со над 100 учесници и влезот во Данска ќе биде порестриктивен.

 

16) Литванија

 

Литванската влада објави дека:

- сите образовни институции (градинки, училишта, универзитети, колеџи, стручни училишни центри) ќе затворат од 16-ти до 27-ми март. Ќе се нудат само програми за учење од далечина

- во главниот град Вилниус сите образовни институции ќе се затворат до 17-ти април, почнувајќи од 13-ти март (наредба од градоначалникот)

- настани во затворен простор со повеќе од 100 лица и сите настани на отворено (спортски клубови, театри, музеи) не може да се одржуваат од 13-ти март.

- луѓе од официјално загрозени подрачја мора да се придржуваат до задолжуителните правила за карантин

- луѓето се советуваат да ги откажуваат/одложуваат деловните посети барем на 1 месец

- патувањата во државите со висок ризик мора да се откажат

- работодавачите се поттикнуваат да обезбедат услови за работа од далечина (онаму каде што е возможно)

 

17) Холандија

 

Во Холандија, институциите во сите образовни сектори остануваат отворени. Од високообразовните институции се бара да организираат онлајн часови наместо редовни предавања со многу посетители. Средбите со над 100 учесници се забранети. Од луѓето се бара да работат од дома кога е тоа возможно.

 

18) Обединето Кралство

 

Поради коронавирусот, Владата советува да не се оди на меѓународни посети на училишта /колеџи на лица под 18 години. Истото не важи за патувања во рамките на ОК, а училиштата и колеџите треба да си ги ажурираат своите проценки на ризикот за да ги земат предвид новите мерки за самоизолација во случај ученик или возрасно надзорно лице да биде изложено на коронавирусот или да покажува симптоми. Се очекува усогласеност со родителите на новите проценки на ризикот. Оние кои веќе се во странство, треба исто така да ја ревидирааат својата тековна проценка на ризикот и со своите родители да ги искомуницираат плановите за постапување во случај некој од групата да биде изложен и да треба да оди во самоизолација. Студентите на Еразмус+ размени можеби ќе треба да ги одложат или откажат патувањата во или од предели зафатени со COVID-19.

 

19) Белгија

 

Во цела Белгија се преземаат следниве мерки за претпазливост:

-          За периодот од 13/03/2020 до 03/04/2020, училиштата ќе останат затворени.

-          Сите јавни настани, независно од големината и видот, се откажани. Нема да се одржуваат ни културни, ни спортски активности.

-          Кафулињата и рестораните се затворени, продавниците остануваат отворени за време на неделата, но ќе биде бидат затворени за време на викендот.

 

Во фламанскиот дел од Белгија, училиштата остануваат отворени, но нема да има настава се до 3 април 2020 година. Учениците остануваат дома ако е тоа возможно. Во моментот владите одлучуваат како ќе се изведе онлајн наставата. Баровите и рестораните ќе затворат денес (13.03.2020 и ќе бидат затворени се до 3-ти април. Аптеките, супермаркетите си работат како и вообичаено, но другите продавници (книги, облека…) ќе затворат.

 

20) Лихтенштајн

 

Денес, 13 март 2020 година, Владата на Лихтенштајн реши да ги затвори сите јавни и приватни образовни институции, како и градинките, јаслите и детските игралишта како итна мерка во борбата против ширењето на коронавирусот. Мерката ќе се применува од понеделник, 16-ти март 2020 година па се до Велигденските празници.

 

21) Франција

 

Француската влада реши да ги затворти сите училишта и високообразовни институции од понеделник, 16-ти март па се до натамошно известување. Повозрасните лица и луѓето со здравствени проблеми треба да избегнуваат контакт со други лица колку што може повеќе. Патувања, внатре во државата и во странство, се уште се можни, но ограничени.

 

22) Луксембург

Во Луксембург има значително зголемување на бројот на случаи во последните 24 часа и првите случаи на локално пренесување. Владата презеде серија на нови мерки и издаде препораки со цел да го заштити јавносто здравје и тоа:

-          Настава: Сите активности во основно, средно и високо образование ќе бидат суспендирани за период од две недели од 16-ти март 2020 година до натамошно известување. И активностите на грандинките и дневните центри ќе бидат суспендирани. Воспоставен е систем на далечински надзор за да се обезбеди континуитет во учењето за време на суспензијата. Училиштата остануваат отворени на 13-ти март, за да ги објасат овие мерки на наставниците и учениците. Откажани се екскурзии. Родителите смеат да отсуствуваат од семејни причини.

-          Се препорачува спортските, културните и забавните здруженија да ги суспендираат своите активности за деца во истиот период.

-          Од 13 март до 31 март па и до натамошно известување: забранети се настани во отворени и затворени простори со над 100 people.

-          Деловната и јавната администрација се поттикнува да продолжи со работа колку што можат врз основа на нивниот план за итна состојба, особено за испорака на основни услуги. Се промовира работа од дома особено меѓу ранливите групи.

 

23) Исланд

 

Исландската влада објави дека вишите средни училишта и универзитетите ќе бидат затворени и ќе се премине кон учење од далечина од понеделник, 16-ти март 2020г., за 4 недели – па се до Велигденските празници. Исто така се забранети јавните собири за групи над 100 луѓе. Основните училишта и градинките остануваат отворени, но со посебни мерки за предупредување.

 

24) Латвија

Латвија прогласи вонредна состојба во однос на ширењето на COVID-19 на 12 март и важи до 14 април 2020 г. За тоа време:

1) се укинува наставата во сите образовни институции и се обезбедува учење од далечина почнувајќи од 13 март 2020 (со посебни услови и правила за пред-училишно образование)

2) учењето се прекинува кај сите културни, спортски, стручни и интересни програми (обуки, натпревари и проби).

3) централната и локалната власт ќе обезбедат, колку што може повеќе, услуги од далечинско.

4) сите јавни настани, средби и демонстрации во кои се вклучени над 200 луѓе ќе бидат откажани и забранети од 13 март 2020 г.

5) Деловните и службените патувања во држави кои се ризични поради Covid-19 и кои бараат посебни интервенции по враќањето ќе бидат откажани, одложени и засега нема да се планираат.

6) Се повикуваат лицата да се воздржат од патувања во странство.

 

25) Естонија

 

Владата на Естонија прогласи вонредна состојба на 12 март 2020:

  • Сите јавни средби се забранети,
  • Од 16 март, се суспендира редовната настава и се преминува на учење од далечина и од дома.
  • Ќе продолжат истражувањата на универзитетите и во истражувачките институции.
  • Посебно ќе се решава за наставата во специјалните училишта за деца со посебни потреби.
  • Работните аранжмани на градинките и јаслите се во надлежност на општините.
  • Образованието поврзано со хоби се суспендира од понеделник, 16 март.

 

26) Шведска

 

Ситуацијата во Шведска е следнава:

-          Пред-училишни установи, училишта, универзитети и други образовни институции остануваат отворени. На учениците, студентите и кадарот строго им се кажува да останат дома ако имаат какви било знаци на болест.

-          Воведени се нови правила за поединечни училишта или училишни власти да можат да организираат – ако и доколку е неопходно – пофлексибилно образование или да се затворат.

-          Универзитетите се поттикнуваат да користат дигитални алатки колку што може повеќе

-          Јавни настани (културни и спортски) може да се случуваат ако публиката не е поголема од 500.

 

27)Финска

 

Во Финска, училиштата и образовните институции се се уште отворени, но повеќето вработени работат од дома со помош на ИТ алатките и врските. Сите службени патувања се откажани до крајот на мај.

 

28) Португалија

 

Португалскиот премиер донесе одлука да нема настава во училиштата и универзитетите во целата држава се до 16 април 2020 година. Забранети се и сите училишни патувања, обуки, практиканства и студиски размени, додека училишните власти треба да ги активираат онлајн наставните аранжмани за целиот период на суспензија.

Од 16 март, рестрикциите ќе се однесуваат на целата држава, додека во загрозените предели, населението се советува да остане дома и да излегува само во оправдани околности, и ситуација на потреба или поради здравствени причини.

Рестрикциите се проширени на целата држава и че бидат зајакнети почнувајќи од денес со ограничување на бројот на луѓе во продавници/комерцијални дејности кои не нудат суштински услуги и се препорачува професионалните и производствени услуги да се обезбедуваат што е можно повеќе онлајн.

 

 

 

 

Назад