ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КОРИСНИЦИ НА ЕРАЗМУС+ и ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

28-01-2020 15:29

Почитувани потенцијални корисници,

 Национаната агенција за европски образовни програми и мобилност ги известува заинтересираните потенцијални корисници на ЕРАЗМУС+ програматаи Европски солидарен корпус дека на ден 01.02.2020 година (САБОТА) во период од 08:00 до 20:00 часот програмските службеници задолжени за стручно образование, училишта, образование на возрасни, високо образование,млади и Европски солидарен корпус односно клучни акции КА101, КА102, КА103, КА104, КА105, КА107, КА205, КА347, ЕСЦ11 и ЕСЦ31 ќе биде организиран отворен ден во просториите на Националната агенција за потенцијалните корисници на програмата за сите потребни информации околу процесот на аплицирање и разјаснување на прашања поврзани со апликации од првиот рок.

Напоменуваме дека за време на отворениот ден ќе биде посветено внимание исклучиво за апликации во првиот рок 05.02.2020 година.

Назад