Важно соопштение за рокот 26.04.2017 поднесување апликации за КА347

Ве молиме имајте во предвид дека поднесувањето на апликации од Клучната Акција 347 за рокот 26.04.2017 година исклучиво ќе биде пристапно преку веб платформа овозможена од Европската комисија. За разлика од сите останати апликации, во КА347 од следниот рок пристапот до апликациската форма ќе биде достапна преку следниов линк:

https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

За апликантите од Р. Македонија кој сакаат да бидат координатори на проектите и да ги искористат средствата достапни од вториот рок (26.04.2017) преку НА од Македонија, при пополнување на апликацијата треба да ја изберат МК01 за да може да биде земена во предвид при проверка и евалуација на поднесената апликација.

Во врска со детали за пополнување на апликацијата достапни се во следниов водич наменет за веб апликацијата на овој линк.

За дополнителна помош во врска со начинот на аплицирање Ве молиме обратете се до Националната агецнија за европски образовни програми и мобилност.

 

Назад