ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ И МОЖНОСТИТЕ ЗА МОБИЛНОСТИ ВО ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/strumica/DDzC_1923.JPGСреда, 6 февруари 2019 година

На 5 февруари, се одржа настан на кој беа презентирани можностите за мобилности и вклучување на претставници од различни сектори во Еразмус+.

Во просториите на хотел Сириус, во Струмица, настанот го организираше CNVP Градење на позелена економска средина, како дел од проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“.

Претставниците Драгица Ивановска, Александар Богојевски и Јовица Митевски од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност подетално ги презентираа моделите на вклучување во клучните акции, апликациските веб-формулари, процесот на аплицирање, можноста да бидат вклучени лица со посебни потреби, признавање на вештини и квалификации од полето на високо образование, млади и училишно образование.

На настанот земаа учество ученици од регионот од Источна Македонија, студенти, претставници од училишта од основно и средно образование, преставници од невладиниот сектор, како и претставници од високообразовни институции.

На дискусијата, исто така, беа дадени примери за добри практики и користење на платформата Erasmus+ Project results, проектот Студирање во Европа, Транснационални активности за соработка и останати иницијативи со кои се зголемуваат можностите за учесниците од Македонија.

Во продолжение на настанот беа презентирани искуства од наставник од училиште  во врска со развивање на компетенциите на младите лица од Струмица во Бугарија преку програмата Еразмус плус.

Присутните беа охрабрени да аплицираат и да ги искористат можностите и финансиската поддршка што ги нуди програмата.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/strumica/DDzC_1953.JPG

Назад