ВТОРА ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИНСКАТА РАБОТА ВЛИЈАЕ НА ЕВРОПА“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/lju/20180926_093053.jpgВторник, 2 октомври 2018 година

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски и г. Дејан Миланов, учествуваа на Втората европска конференција „Младинската работа влијае на Европа“ како дел од проектот „Да станеме дел од Европа“ предводен од партнерства на Национални агенции.

Во периодот од 24 до 27 септември 2018 година, во Љубљана, Словенија се состанаа претставници од НВО секторот од Европа, Национални агенции и претставници од различни сектори на Европската комисија, кои работеа на финализирање на позициски документ за подобрување на системот за работа со групата на млади мигранти, баратели на азил и бегалци.

На конференцијата беше презентирана работната верзија на документот со препораки до институциите кои се засегнати со овие прашања, а на истата беше направена ревизија на работната верзија со препораки за подобрување на политиките во зависност од националните законодавства.

Откако ќе се изработи финалната верзија на документот со препораки, истиот ќе биде доставен до соодветни институции кои работат во полето на млади мигранти, баратели на азил и бегалци во Македонија, со кој ќе се подобрат политиките на системот.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е вклучена во овој проект од 2017 година, а се очекува проектот да финализира до крајот на 2019 година.  

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/lju/20180926_113734.jpg

Назад