ЗА ПРВПАТ ОДРЖАН ЕВРОГАЈДЕНС САЕМ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/saem-eurog/IMG_8225.JPGПеток, 9 ноември 2018 година

На 2 ноември 2018 година, Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржа Еврогајденс саем.

Еврогајденс саемот се одржува за првпат во Република Македонија, на којшто имаа можност средните стручни училишта од Скопје да ги претстават своите програми и струки пред учениците од 9. одделение од основните училишта.

Саемот се одржа во Сити Хал во Скопје, кој предизвика голема заинтересираност како кај учениците и кај професорите од средните стручни училишта, исто така, и кај наставниците, родителите и кај учениците од 9. одделение од основните училишта.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/saem-eurog/IMG_8234.JPG

Исто така, саемот имаше голема посетеност, и од едната и од другата страна,  со над 220 учесници.

Ваков вид на саеми ќе се одржуваат и во следните две години, согласно Тригодишната програма за европската образовна мрежа Еврогајденс.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/noe2018/saem-eurog/IMG_8263.JPG

 

Назад