tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД ПРОГРАМСКИ ДРЖАВИ КОИ ВО МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВААТ НА ПРОЕКТИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС +

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/volonteri/48275582.jpgВторник, 11 ноември 2018 година

Од 2 до 4 декември во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност реализираше редовна обука за волонтери од програмски држави кои се вклучени во волонтерски активности во Македонија преку програмата Еразмус +.

Обуката по пристигнување на волонтери се одржа од 2 до 4 декември 2018 г. во Скопје,  хотел “Александар II”-Скопје.

На обуката учествуваа волонтери кои се на почеток со волонтерски активности, и тие за време на обуката преку различна методологија имаа можност да добијат дополнителни информации за програмата Еразмус+;

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука - 2019 година

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Стекнувањето на Повелбата за мобилност за стручно образование и обука ќе овозможи да се аплицира на поедноставен начин за проекти под Еразмус+ Програмата, Клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени. Исто така целта на Повелбата е подржување во градењето на капацитетите за организирање на квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

 

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ИНКЛУЗИВНИ МЕТОДИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Петок, 30 ноември 2018 година 

На 29 ноември во Занаетчискиот дом Куманово се одржа конференција на која учествуваа наставници од основни и средни училишта, претставници од невладиниот сектор и млади луѓе, на која преку работна дискусија беше одржан панел за инклузивни методи во образованието, идентификување и инклузија на лицата со помали можности и посебни потреби во образованието.

Претставникот на Националната агенција, г. Јовица Митевски, како говорник на панелот, ги претстави моделите на акциите преку Еразмус+ програмата кои поддржуваат инклузивни методи преку неформалното образование и притоа презентираше примери од добри пракси - проекти финансирани од програмата.

Повеќе...

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТЕМА ПРЕТПРИЕМНИШТВО „УЧЕЊЕТО - ПАТ КОН УСПЕШЕН БИЗНИС“

Вторник, 11.12.2018 година

На 7 декември во хотел Епинал, Битола се одржа конференција со учесници од различни полиња претставници од училишта, универзитети, НВО, приватниот сектор и млади луѓе.

На конференцијата „Учењето - пат кон успешен бизнис”, која беше организирана од организацијата ЦЕФЕ Скопје, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Јовица Митевски од Одделението за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог ги презентираше акциите преку програмата Еразмус+.

Тој ги истакна можностите за стекнување на сет од дигитални и претприемнички компетенции, при што се разви интерактивна дискусија преку прашања од присутните.

Повеќе...

ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО БУДИМПЕШТА

Вторник, 11 декември 2018 година

Колекеска Маја, раководител на Одделение за буџетска контрола и Стефковска Марија, од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование, на 6 декември реализираа посета на NOVETAL (Национална канцеларија за стручно образование и обука и образование за возрасни), во Будимпешта, Унгарија.

За време на посетата, нашите вработени имаа можност да се запознаат со активностите на оваа Национална канцеларија, со посебен фокус на Еврогајденс центарот, кој што функционира во рамките на националната канцеларија.

Во тој контекст презентирани беа позитивните искуства од учеството на Унгарија во мрежата REFERNET, која со поддршка на CEDEFOP (Европски центар за развој на стручно образование), овозможува размена на знаење, собира информации и ги следи случувањата во националните политики и системи за стручно образование и обука.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕКВЕТ КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА

Вторник, 11 декември 2018 година

На 22 ноември, во Виена, Австрија, се одржа ЕКВЕТ конференција на која се дискутираше за воведување на ВЕТ во високото образование и вреднување на резултатите од воведувањето на високо стручно образование и обука, на која учествуваше и г-ѓа Марија Стефковска од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На конференцијата земаа учество министерот за образование на Австрија и директорот на Националната агенција од Австрија, како и ЕКВЕТ експерти од повеќе земји.

На почетокот се дискутираше околу терминот „високо стручно образование и обука“, затоа што во повеќето земји овој термин различно се толкува. Европските инструменти, особено ECVET и NQF/EQF, можат да го поддржат процесот преку донесување алатки за обезбедување на квалитет и појасно структурирање на квалификациите.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ТРЕТАТА ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА СТРУЧНИ ВЕШТИНИ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/vienna/eu-skills-week.jpgВторник, 11 декември 2018 година

Третата европска недела на стручни вештини (European skills week), во организација на Европската комисија и ЦЕДЕФОП, се одржа во Виена, Австрија од 5 до 9 ноември.

Мотото на неделата беше „Откријте го вашиот талент", а целта да се покаже дека ВЕТ е паметен избор што води до успешни резултати во образованието, висококвалитетни работни места и зголемени можности за вработување.

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Секторот за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади и г-ѓа Марија Стефковска од Одделение за мобилности од областа на стручно и училишно образование посетија едносредно стручно училиште во Виена, каде беа срдечно пречекани од директорот на  текстилното и информатичко училиште и  каде имаа кратка презентација на сите нивни активности.

Потоа посетија училиште каде што се одвива практичната обука и теоретска настава на учениците. Тие беа воодушевени од организираноста на наставата по кабинети (работилници), како и од нивната опременост со нагледни средства. Учениците заедно со професорите им презентираа дел од својата работа: како се принтаат слики на материјали, како се слика на стакло, изработка на роботи и очила како дел од секторот за вештачка интелегенција; како се снимаат звуци за цртан филм во сонолошко студио итн.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАНИ НАОДИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЈУТВИКИ

Четврток, 6 декември 2018 година

На 4 декември, во Чифте амам, Националниот младински совет на Македонија во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги презентираше наодите од истражувањето ЈУТВИКИ (Youth Wiki).

Станува збор за енциклопедија за млади воспоставена од страна на Европската комисија во 2015 година, заради собирање кредибилни податоци од областа на младите од цела Европа.

Целта на овие податоци е да им помогне на креаторите на политики да создаваат политики што ќе одговорат на потребите на младите.

Повеќе...

ЕВРОПАС РАБОТНА ПОСЕТА ВО СОФИЈА

Четврток, 29 ноември 2018 година

На 21 и 22 ноември беше реализирана работна посета насловена Работа на лице место во Европас центарот во Софија, на која од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска Петрески, од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи.

Оваа работна посета е во согласност со тригодшната работна програма на европската мрежа Европас, при што беа споделени добри искуства и практитки помеѓу двата Европас центра од Бугарија и од Македонија.

Освен посетата на Европас центарот беше посетено и 144. Средно училиште „Народни будители“ во Софија.

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО ДЕН ВО АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

Понеделник, 3 декември 2018

На 29 ноември, претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Александар Богојевски и м-р Астрит Реџепи одржаа инфо ден за програмата Еразмус+ (КА103, КА107 и проектот Study in Europe) пред студентите на Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Пред присутните студенти и професори беа презентирани можностите кои ги нуди програмата Еразмус+ во делот на високото образование.

Повеќе...