tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Моментално нема новости.

НАСЛОВ: ТЦП ФОРУМ 2019 – СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО, СОЛИДАРНОСТ И ЛОКАЛЕН ИМПАКТ

Петок, 1 март 2019 година

Од 26 до 28 февруари 2019 година беше одржан состанок на партнерите кои го реализираат настанот „ТЦП Форум 2019 - младите и социјалното претприемништво“ како дел од стратегиското партнерство „Млади на работа“.

Претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа одговорните лица за стручно образование и обука Лулеса Илјази и стратегиски партнерства во полето на млади Јовица Митевски.

Целта на овој состанок беше креирање на содржинскиот дел на настанот „ТЦП Форум - младите и социјалното претприемништво“, кој ќе резултира со воспоставување на линкот помеѓу секторите на млади и стручно образование од Европа.

Претставниците на Националната агенција од Македонија дадоа контрибуција кон креирање на содржината во полето на стручно образование и млади од аспект на социјалното претприемништво, користење на дигитални алатки и солидарноста.

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ВО КА203

Понеделник, 1 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ВО КА203

На 27 февруари, во просториите на Националната агенција се одржа работилница за аплицирање во КА 2-стратегиски партнерства од областа на високо образование.

Целта на работилницата беше да се разгледаат приоритетите на програмата во делот на високо образование и да се појасни апликациската форма за аплицирање за оваа клучна акција на потенцијалните корисници.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА И ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ВО КИЧЕВО

Среда, 27 февруари 2019 година

На 26 февруари, претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржаа презентации за Еразмус + програмата и европските образовни мрежи.

Презентациите се одржаа во ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ - Кичево - Општина Кичево, на кои присуствуваа 63. учесници (наставници, стручна служба, директори, преставници од следниве институции од општина Кичево: ОСУ „Дрита“, ОСУ „Мирко Милески“, ОУ „Милто Гура“, ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“, ОУ „Фаик Коница“, ОУ „Наим Фрашери“, ОУ „Реџo Рушит Зајази“, ОУ „Санде Штерjоски“, ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“, ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“, ОУ „Христо Узунов“, ЈОУДГ „Олга Мицеска“, и претставници на Општина Кичево.  

Повеќе...

ТРИ ПРОЕКТИ ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАНИ ОД НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ БЛЕСНАА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ ВО СТРАТЕГИСКИТЕ ПАРТНЕРСТВА ПРЕКУ ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Понеделник, 25 февруари 2019 година

Во периодот од 20 до 22 февруари 2019 година, се одржа Конференција за иновации и стратегиски партнерства во Берлин, Германија, на која беа претставени 60 проекти од Европа, финансирани преку националните агенции за Еразмус+.

Делегацијата составена од двајца претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Милена Петрушевска и Јовица Митевски, претставник од секторот за поддршка на младите од Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев и претставници од организациите ЦИД Куманово, Мила Јосифовска, Еко Логик, Никола Нешкоски и Младиинфо, Марјан Ицкоски, од Скопје беа дел од Првата конференција за иновации во младинската работа за проекти спроведени преку програмата Еразмус+.

На конференцијата три проекти и тоа: „Саќе за учество на национални младински организации“ на ЦИД Куманово, „Јутокраси“ на Еко Логик Скопје  и „Охрабрување на младите да преземат акција (онлајн курс)“ на Младиинфо Скопје беа избрани од Комисијата на партнерството од национални агенции да ги презентираат моделите на проектите на саемот за најдобри практики во Европа.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Германија

Тема на настанот:

Европа во движење - клучни компетенции за создавање на проекти за мобилност во стручното образование и обука - Семинар за контакт за поттикнување на проекти за мобилност во стручно образование и обука  (Europe on the move – key competences to create mobility projects in VET - A contact making seminar to foster mobility projects in VET)

Целта на контакт семинарот:

• да подгответе Еразмус+ проекти за идните проекти за мобилност;
• да научете како да аплицирате и организирате проект Е+;
• да изградите нови партнерства помеѓу институциите;
• да се привлечат новодојденците (newcomers) во програмата Еразмус+;
• да креирате нови проекти за мобилност;
• да придонесете за подобрување на квалитетот на проектите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Берлин, Германија од 27 до 29 мај 2019.

Повеќе...

ОДРЖАН ИНФО-ДЕН ВО КУМАНОВО

Четврток, 21 февруари 2019 година

На 19 февруари, на ПВПУ Еуро Колеџот во Куманово, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност: г. Александар Богојевски, г. Астрит Реџепи и г-ѓа Анабела Насковска-Петрески одржаа инфо-ден за програмата Еразмус+ (високо образование помеѓу програмски држави, високо образование помеѓу програмски и партнерски држави, партнерства во делот на високото образование, Алијанси на знаења, Градење на капацитети во областа на високото образование, Жан Моне активности и мрежите Европас, Еврогајденс и Евридика).         

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

Среда, 20 февруари 2019 година

Денеска, во новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржа работилница за Клучна акција 2 – Стратегиски партнерства од областа на стручно образование  и обука.

На работилницата присуствуваа голем број на лица од разлини сектори: компании, невладини организации, средни стручни училишта, фондации итн.

На работилницата се дискутираше за можностите за аплицирање во полето на стручното образование и обука:

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС+, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Вторник, 19 февруари 2019 година

На 14 февруари беше одржана работна средба за клучните акции на Еразмус+програмата, како и за мрежите еТвининг и Еуропас,  во основното училиште „Кузман Шапкарев” во Драчево, на која присуствуваа 18 претставници од училиштето.

Презентација одржаа претставничките од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Деспина Србиновска Шандуловска, Маја Колекеска, Мила Протугер и Анабела Насковска Петрески, кои подобро ги запознаа присутните со можностите, активностите и понудите на Националната агенција.

Целта на одржување на работната средба беше запознавање на наставниците со клучните акциии на програмата Еразмус+ како и можностите кои ги нудат мрежите Етвининг и Европас за наставниците и за учениците.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС + (ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ), STUDY IN EUROPE, ИКТ ПРАКТИКИ, ЕВРОПАС, ЕВРОГАЈДЕНС И ЕВРИДИКА

Понеделник, 18 февруари 2019 година

На 12 февруари се одржаа презентации за Еразмус + Програмата (за високо образование), Study in Europe, ИКТ Практики, Европас, Еврогајденс и Евридика на Универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје.

На инфо денот присуствуваа студенти, наставен кадар, декани и стручна служба.

На присутните, претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г-ѓа Анабела Насковска-Петрески им ја објаснија Еразмус + програмата и европските образовни мрежи, и какви сè можности и поволности нудат тие.

Повеќе...

МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ff15feb/ff1.jpgПонеделник, 18 февруари 2019 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, присуствуваше и одржа воведен говор на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет во Скопје која се одржа од 11 до 15 февруари 2019 година.

На настанот гости предавачи беа околу дваесеттина професори од партнерски Еразмус универзитети во Европа, како и други професори кои  учествува со свои предавања и дискусии. 

Исто така, на вториот ден од настанот (12.02.2018) официјално се промовираше проектот „Поттикнување на пристапните технологии за студирање: Пристапен систем за управување со учењето во хуманистичките и општествените науки, од програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Стратешки партнерства“.

Повеќе...