tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Презентација за Ерамус+ Програмата и европските образовни мрежи

Петок, 30 мај 2019 година

На 30 мај, во ООУ Марко Цепенков во с. Зелениково, се одржаа Презентации за Еразмус+ Програмата и европските образовни мрежи.

Г-га Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им ги презентираше европските образовни мрежи и Еразмус+ Програмата.

На овие презентации присуствуваа наставниот кадар и стручната служба од ООУ Марко Цепенков.

Повеќе...

Учество на НА на меѓународната конференција од Еразмус+ проектот СПОДЕЛЕНО ПРИЈАТЕЛСТВО

Oд 25 до 27 мај 2019 година, претставниците на Националната агенција Снежана Орловиќ Стојановиќ и Дејан Златковски учествуваа на меѓународната конференција во рамките на проектот Споделено пријателство, финансиран од романската национална агенција, а која што се одржа во романскиот град Бакау. Две македонски училишта, ООУ Методи Митевски Брицо од Општина Лозово и ООУ Тодор Јанев од Општина Чашка беа партнери во проектот во кој што учествуваа шест училишта од Романија, Северна Македонија, Бугарија, Полска и Италија.

Повеќе...

ТАС настан: Повик за контакт семинар во Братислава, Словачка Република.

Тема на контакт тренингот и семинарот: “Building Partnerships for a Learner-Centred Approach”

Цел:

Целите на контактниот семинар ќе бидат следниве:

1. размена на добри практики при почетна и континуирана обука на наставниците за развој на компетенциите на наставниците неопходни за училиштата и универзитетите во Европа денес;

2. презентација на иновативни методологии и начини на предавање со фокус на наставата и учењето насочено кон учениците;

3. планирање на нови проекти.

Очекувани резулатти:

Нови стратешки партнерства во училишниот сектор и / или меѓусекторското партнерство / високо образовни партнерства (KA201, KA229, KA203), иновативни проекти фокусирани на учење во центарот на наставата и учењето и развивање на синергии помеѓу училиштата и универзитетите, запознавање со новите методологии за настава и учење, размена на добри практики, вмрежување.

 

Повеќе...

ТАС настан: Повик за контакт семинар во Диселдорф, Сојузна Република Германија.

Тема на контакт тренингот и семинарот: “Creative arts as a path to inclusion

Цел:

Семинарот за контакт им нуди можност на училишните лидери и наставници да работат заедно на теми од заеднички интерес. Вие ќе добиете општи информации за програмата Еразмус + и поконкретно за клучната  акција 2 - Партнерството за размена на училишта. За време на Програмата Еразмус + Партнерството за размена на училишта, учениците и наставниците работат заедно во меѓународни тимови на одредена тема. За време на семинарот ќе развиете проектни идеи за партнерства на Еразмус + Партнерството за размена на училишта и воедно ќе започнете да ја подготвувате апликацијата за проектот. Темата на вашата партнерска размена во училиштата ќе биде ваш слободен избор. Меѓутоа, во поглед на содржината, ние ќе се концентрираме на импулси и примери за најдобри практики за искористување на  креативноста како пат кон вклучување за време на Еразмус + партнерството  за размена на училишта.

Повеќе...

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ПРОМОЦИЈА НА АНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКОТО УЧЕСТВО ВО ЕРАЗМУС+ - ПОТЕНЦИЈАЛИ И ОГРАНИЧУВАЊА.

Четврток, 23 мај 2019 година

На 23 мај 2019 година во х. Холидеј Ин, се одржа Конференција на тема: Промоција на анализа на македонското учество во Еразмус+ - Потенцијали и Ограничувања.

На Конференцијата се одржа Панел диксусија за научени лекции од досегашното искуство во Еразмус+.

Првиот дел од анализата нуди осврт на рамката на јавни политики во која се спроведуваат проектите од децентрализираните акции на Еразмус плус, а во вториот дел е сместена анализата на податоците од анкетниот прашалник, преку претставување на одговорите добиени за поединечните прашања од корисниците на Еразмус+ проекти.

Еразмус плус, како што се посочува, е највидлива и најпрепознатлива европска програма која директно го поддржува развојот на човечките потенцијали на европско ниво.

Повеќе...

Работилница Еразмус+, високо образование - Филолошки факултет при УКИМ

Четврток, 23 мај 2019 година               

На 21 мај, претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г. Александар Богојевски и г-ѓа Данче Чаловска, на покана на MakeDOX – фестивал на креативен документарен филм, присуствуваа на работилница на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

На работилницата беше прикажан документарниот филм за Еразмус+ студентски мобилности и студентски пракси реализирани во Европа, а воедно се одржа и работилница со професорите и студентите од Филолошкиот факултет каде беа презентирани можностите што ги нуди програмата Еразмус+.

Повеќе...

Анализа на македонското учество во програмата ЕРАЗМУС+: потенцијали и ограничувања

ЕВРОТИНК Скопје ја објави публикацијата „Анализата за македонското учество во Еразмус+: потенцијали и ограничувања“ од авторот Александар Колекески et al. Анализата е изработена во рамки на проектот „Година на шансата - Низ иглени уши“ имплементиран од Евротинк – центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Фондација отворено општество – Македонија.

Анализата дава преглед на амбиентот во кој што се спроведува Еразмус+ програмата на национално ниво, референтните јавни политики поврзани со македонското учество во Еразмус+ и генерално јавните политики во сфератата на образованието, обуката и младите, дава приказ за практиките на спроведување на проектите и опфатот на корисниците, дава препораки за подобрување на ефективноста на Националната агенција, ги анализира крајните корисниците и нивното мислење во врска со придобивките за организациите и самите учесници од нивното учество во проектите на Програмата.

Повеќе...

ВО БРИСЕЛ ОДРЖАН СОСТАНОК НА ЕВРОПАС МОЖНОСТИ

Четврток, 16 мај 2019 година

На 16.5.2019 година, се одржа состанок за Европас можности за учење во Брисел, Белгија, на кој присуствуваше г-ѓа Анабела Насковска, вработена во Европас центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На состанокот се дискутираше на овие три теми:

1. Како да се вметнат можностите за учење во новата платформа на Европас;

2. Учење од национално ниво;

3. Одговарање на прашања.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН АНДРАГОШКИ СИМПОЗИУМ

Четврток, 16 мај 2019 година

Претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Љупка Ќуркчиева и Драгица Ивановска, од 7 до 9 мај, присуствуваа на 7. Меѓународен андрагошки симпозиум, кој се одржа во Биоград на Мору, Хрватска.

Главни теми на симпозиумот беа: Основното образовние на возрасни и Новите можности за возразните.

Учесниците на симпозиумот имаа можност да се запознаат со актуелностите од националната и меѓународната политика за образование на возрасните, како и да стекнат знаење и искуства од наведените области.

Исто така, беа организирани и паралелни работилници на различни теми од областа за образование на возрасни.

Повеќе...