tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Моментално нема новости.

Јавна дискусија „Зошто е потребен законот за млади“

Среда, 30 јануари 2019 година

На 30 јануари 2019 година, во хотел „Парк Резиденс“, во Скопје, се одржа јавна дискусија на тема „Зошто е потребен законот за млади“.

Овој настан е дел од серија на јавни консултации на национално ниво кои се организираат со младите и други засегнати страни, кои активно учествуваат во креирањето и во имплементацијата на политиките за млади.

Настанот е поддржан од Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. 

Јавната дискусија ја водеше Марија Мерковска, Прогрес Институт за социјална демократија, а  говорници на дискусијата беа:

  • Дарко Каевски, претседател на СДММ;
  • Јован Јаулески, УМС ВМРО-ДПМНЕ;
  • Куштрим Ала, Форум на млади на ДУИ;
  • Блажен Малески, претседател на НМСМ.   

Од сите присутни говорници на овој настан беше истакната важноста од учеството на сите подмладоци на политичките партии во периодот на подготовка на нацрт- текстот на законот за млади.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЕВРИДИКА И МОЖНОСТИТЕ НА ЕРАЗМУС +

Понеделник, 4 февруари 2019 година

На 31 јануари, во рамките на завршната конференција од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување“, беа презентирани европската иницијатива Евридика и можностите на програмата Еразмус +.

На конференцијата учествуваа голем број на претставници од градинките,  Министерството за труд и социјална работа, Европската делегација, образовните институции кои работат во полето на предучилишно образование и од граѓанските  организации.

На присутните им беа посочени конкретно можностите кои програмата Еразмус +, ги нуди во делот на предучилишно образование (мобилности и стратешки партнерства), како и начинот, постапката и роковите за аплицирање.

Повеќе...

Состанок со директорот на Агенцијата за иселеништво

Понеделник, 4 февруари 2019 година

На ден 1 февруари, г. Астрит Реџепи претставник од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност имаше работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Никола Шалваринов.

На состанокот се разговараше за идните активности на агенциите, и како во иднина да се зајакне соработката, при што преку заеднички активности да се промовираат можностите што ги нуди Еразмус+ Програмата.

 

Повеќе...

Вклучување на претставници од различни сектори и можностите за мобилности во Еразмус+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/stip/1.jpgСреда, 30 јануари 2019 година

На 29 јануари 2019 година, во просториите на мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип, се одржа настан во организација на CNVP Градење на позелена економска средина, на кој учествуваа претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност г. Јовица Митевски, од Одделението за стратешки партнерства од областа на млади и структурен дијалог, г. Александар Богојевски, од Одделението за мобилности во високото образование, обука и млади и г-ѓа Мартина Најдоски, од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование.

На настанот земаа учество  ученици од регионот од Источна Македонија, студенти, претставници од училишта од основно и средно образование, претставници од невладиниот сектор, претставници од високообразовни институции, како и претставници од општините.

Претставниците од Националната агенција споделија повеќе информации во врска со можностите и бенефитите кои се дел од програмата Еразмус плус во областа на училишно и високо образование и областа на млади.

Повеќе...

Превод на извештајот за учење јазици во училиштата низ Европа и на македонски

Извештајот Клучни податоци за учењето јазици во училиштата во Европа е објавен и на македонски јазик. Оваа студија дава предлед на учењето јазици во училиштата низ Европа. Во Европа има преку 60 службени јазици што е последица на културолошкиот диверзитет на нашиот континент. Во извештајот се опишани главните образовни политики што се однесуваат на наставата и учењето јазици во 42 образовни системи.

Овој извештај одговара на некои важни прашања поврзани со оваа тема, како на пример: колку време поминуваат учениците учејки странски јазици, кои се десетте најчесто учени странски јазици, дали наставниците по странски јазици одат на обука во други држави, колкав е број на мигрантски ученици што го зборуваат наставниот јазик во својот дом, и други.

Повеќе...

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КА102

Среда 30 јануари 2019 година

Нa 24 и 25 јануари 2019 година, во новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се одржаа две работилници за Клучна акција 102 – Мобилност на ученици и кадар/вработени од областа на стручно образование  и обука.

На  работилниците присуствуваа голем број на лица  од различни сектори: средни стручни училишта, компании, невладини организации, фондации итн.

На работилниците се дискутираше за можностите за аплицирање во полето на стручното образование и обука:

Повеќе...

ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Четврток, 24 јануари 2019

ПРОЕКТ „СИТЕ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ“

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, денеска присуствуваше на првичната конференција за да се означи почетокот на тригодишниот проект „Сите за истражување и развој“.

Станува збор за проект за градење капацитети добиен од Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика во Брисел.

Тое е партнерски проект меѓу Градежен факултет при УКИМ, кој е и носител на проектот и градежните факултетите од Ерменија, Босна и Херцеговина, Германија, Финска и Австрија. Исто така, Градежен институт Македонија е партнер.

Повеќе...

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

Четврток, 24 јануари 2019 година

На 22 јануари францускиот амбасадор во Македонија, г. Кристијан Тимоние, во придружба на директорот на Фрацускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер, ги посети новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Иако просториите сè уште не се целосно брендирани, амбасадорот Тимоние го пофали брендот на Еразмус кој е мошне видлив.

Повеќе...

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА МОБИЛНОСТ ВО УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Четврток, 24 јануари 2019 година

Денеска во просториите на Град Скопје, се одржаа работилници за разгледување на апликацијата за Клучната акција 101 - Мобилност на наставен кадар од областа на училишното образование.

Поради големата заинтересираност, наместо една се одржаа две работилници.

Рокот за поднесување на апликации е 5 февруари 2019 година.

Работилниците ги водат одговорните лица за оваа клучна акција - Мартина Најдоски и Драгица Ивановска.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ДВЕ РАБОТИЛНИЦИ ВО НА ЗА МОБИЛНОСТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

Четврток, 24 јануари 2019 година

На 23 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржаа две работилници за разгледување на апликациите за пријавување во пресрет на рокот за аплицирање 5.2.2019 година, за Клучна акција 104 - мобилност од областа на образование на возрасни.

На работилницата присуствуваа претставници од многу невладини организации, потоа од здруженија и од компании.

Работилниците ги водеше Драгица Ивановска, одговорно лице за Клучна акција 104 - мобилност во областа на образование за возрасни.

Повеќе...