tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

ТАС Настан: ПОЧЕТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОД СТРАТЕГИСКОТО ПАРТНЕРСТВО „МЛАДИ НА ДЕЛО“

Конференција-симпозиум-форум

25-29 Јуни 2019 Истанбул Турција

Оваа меѓусекторска конференција, која ги опфаќа и прашањата и можностите за вработување на младите и претприемништвото, е главниот настан на Youth@Work Partnership во 2019 година. Акцентот на конференцијата ќе биде на соработката помеѓу провајдерите за формално и неформално образование (младинска работа), вработувањето, социјалниот и деловниот сектор, (социјалните) претприемачи и други засегнати страни. Ќе ги прикаже достигнувањата, препораките, добрите практики, како и идните планови инспирирани од резултатите од конференцијата што ќе ги разгледаат од страна на партнерството „Млади на работа“. 

Повеќе...

Состанок Студирај во Eвропа

Понеделник, 18 март 2019 година

На покана на Европската комисија, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура, во периодот од 14 до 15 март 2019 година, претставникот од Националната агенција, м-р Александар Богојевски присуствуваше во Брисел, Белгија на состанок за проектот Студирај во Европа. 

На состаноците присуствуваа и претставници од 34 држави учесници во програмата Еразмус+ (програмски држави). 

На состаноците се дискутираше за реализираните активности во изминатиот период во делот на високото образование, како и за идните активности и цели кои е потребно да се реализираат. 

Повеќе...

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТ ОД СТРАТЕГИСКИ ПАРТНЕРСТВА ОД ОБЛАСТА НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

Среда, 13 март 2019 година

Програмскиот службеник за стратегиски партнерства од областа на високо образование, г-ѓа Ана Михајлов присуствуваше на завршна конференција организирана од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, која се одржа, на 5 март, во Охрид.

На конференцијата присуствуваа партнерите, во проектот насловен „Креирање на идното образование во туризмот“ од Хрватска, Бугарија и Грција, со што се зајакнува регионалната соработката во областа на високото образование.

Тој е во завршна фаза и се очекува од него да произлезат квалитетни проектни резултати.

Повеќе...

ОДРЖAН СОСТАНОК ЗА ПОГЛАВЈЕТО 26 - ОБРАЗОВАНИЕ, МЛАДИ И КУЛТУРА

Среда, 13 март 2019 година

На 12 март, во Брисел, се одржa објаснувачки состанок за Поглавје 26 - Образование, млади и култура.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше дел од состанокот со своите претставнички: г-ѓа Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуални мобилности од областа на образованието, обука и младии Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратешки партнерства од областа на образованието, обука и млади.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕРАЗМУС+, ЕТВИНИНГ И EВРОПАС

Среда, 13 март 2019 година

На 12 март 2019 година, во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше одржана работилница за клучните акции на Еразмус+ програмата, како и за мрежите еТвининг и Европас.

На работилницата присуствуваа 32 претставници од училишта за деца со пречки во развој при Град Скопје: ПОУ„Д-р Златен Сремац“,  ДСУ „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Иднина“, ДУЦОР „Партенија Зографски“.

Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со клучните акции на програмата Еразмус+, како и можностите кои ги нудат мрежите еТвининг и Европас за наставниците и за учениците.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ ВО ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ПОДОБРО РАЗБИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Среда, 6 март 2019

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржаа неколку презентации за можностите на програмата Еразмус+, во рамките на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“.

Презентациите беа реализирани во текот на месец февруари и март, како дел од работилниците за подобро разбирање на европските фондови и перспективи.

Учесници на настаните беа претставници од образовни институции (градинки, училишта, универзитети), младински организации и други претставници од граѓанскиот сектор од неколку општини.

Настаните беа реализирани на повеќе локации и тоа:

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинарво Закопане, Полска

Тема на контакт семинарот:Dissemination, exploitation and sustainability of KA2 projects results

Цел:

Семинарот ќе се фокусира повеќе на имплементацијата и искористување на резултатите од проектите отколку на дисеминацијата. Сепак, знаејќи го значењето на активностите за дисеминација, ќе се презентираат атрактивни алатки кои корисниците можат да ги користат за време и по завршување на проектот. На пример, на семинарот ќе бидат организирана мултимедијална работилница за снимање на видеа.

Специфичните цели се:

а) размена на искуства меѓу учесниците и мислење од експерти во врска со одржливоста, искористувањето и дисеминацијата;

б) размена на добри практики, алатки, методи и пристапи во активностите за одржливост, искористувањето и дисеминација;

 в) изготвување на препораки за идни корисници на Еразмус + за ефикасни начини за искористување и одржување на резултатите.

Контакт семинарот ќе се реализира во Закопане, Полска од 08 до 11 мај 2019.

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинарво Брисел, Белгија

Тема на контакт семинарот:   Communication and dissemination: on the (right) use of tools and media in Erasmus+ projects

Цел:

Семинарот ќе се фокусира на прикажување и размена на методи, алатки и добри практики за комуникација и дисеминација. 

Се предвидува да се даде фокус на:

- Класичен VS. атипични начини на комуникација во рамките Е + проектите

- Развој на добар план за комуникација

- Употреба на нови алатки (социјални медиуми итн.) 

Контакт семинарот ќе се реализира во Брисел, Белгија од 06 до 7 мај 2019.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

tl_files/docs/eplus/2019/images/logo_etwinning.gifВрз основа на Решение  бр. 20-373/2 од 04.03.2019, донесенo од  Директорката, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на двајца (2) еТвинингнаставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г

Во согласност со работната програма за 2019-20г. Националната агенција за европски образовнипрограми има предвидено учество на двајца (2) еТвининг наставници од училиште кое има добиено еТвининг ознака за училиште на еТвининг тематкса конференција во Даблин - Ирска 09-11 мај 2019г. Износот на котизацијата и патните трошоци ги покрива Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Работен јазик на настанот ќе биде англиски. 

Повеќе...

ИНФО ДЕН НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ СКОПЈЕ

4 март 2019 година

Претставници од Националната агенција одржаа инфо ден за програмата Еразмус+, КА103, КА107 и КА203, Европас, Евридика, Еврогајденс и Студирај во Европа пред наставниот кадар, административниот кадар и студентите на воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје.

Како нови носители на Еразмус чартер претставниците на воената академија беа целосно запознаени со правилата и процедурите на програмата Еразмус+.

Инфо денот на воената академија се одвиваше во интерактивна атмосфера помеѓу претставниците на Националната агенција и присутните.

Повеќе...