tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Повеќе...

ПОЧНАА ИНФО ДЕНОВИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/infoden2210/22.10.2018 two events 001.JPGПонеделник, 22 октомври 2018 година

Националната агенција на европски образовни програми и мобилност, во согласност со својата годишна работна програма, ги започна своите инфо денови, при што ќе посети многу општини низ Република Македонија и каде ќе бидат опфатени многу претставници од основни и средни училишта, средни стручни училишта, градинки, потоа универзитети и претставници од НВО секторот. Инфо деновите ќе траат до крајот на оваа година.

Денеска се одржа првиот инфо ден за програмата Еразмус+ и за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг, во хотел Александар 2 во Скопје, на кој присуствуваа 31 претставник од основните и од средните училишта.

Повеќе...

ОДРЖАНА ИНФО РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕРАЗМУС+ ВО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ws2210/22.10.2018 two events 038.JPGПонеделник, 22 октомври 2018 година

Денеска во хотел „Александар 2”, беше одржана инфо работилница за Еразмус+, во стручно образование и обука.

Настанот го отвори г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на секторот за стратегиски партнерства од областа на образование, обука и млади со воведно излагање за можностите кои ги нуди програмата Еразмус+, за корисници од областа на стручно образование и обука, по што следуваа презентации на добри искуства и практики од проекти, поддржани од програмата Еразмус +, коишто тековно се реализираат.

Свои презентации имаа г-ѓа Билјана Пејоска Ристеска од Стопанската комора за туризам на Република Македонија и г. Иван Тороманоски од Стопанската комора на северо-западна Македонија при што со останатите присутни ги споделија: искуствата, резултатите, активностите и особено придобивките од реализацијата на Еразмус+ проектите.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ ВО ОХРИД

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ohrid1910/1.18 008.JPG

Понеделник, 22 октомври 2018 година

На 19 октомври,  претставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, вработена во Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, одржа презентации за Еразмус+ (високо образование) и европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ - Охрид и Факултетот за туризам - Охрид.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ВО СКЛОП НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/mkhr/44474650_624173421313128_5582515525457543168_n.jpg

Понеделник, 22 октомври 2018 годдина

Од 19 до 21 октомври, во Охрид, под покровителство на Агенцијата за иселеништво, во склоп на билатералната спогодба потпишана помеѓу Македонија и Хрватска, се одржа Првата конференција за заштита на македонското малцинство во Хрватска и хрватското малцинство во Македонија.

Во рамките на конференцијата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, претставувана од г. Астрит Реџепи, ги презентираше можностите за аплицирање во склоп на програмата ЕРАЗМУС+.

Повеќе...

ОДРЖАН ВОВЕДЕН СОСТАНОК ЗА КОРИСНИЦИ ОД ОБЛАСТА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/voveden/IMG_7969.JPGПеток, 19 октомври 2018 година

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 18 октомври, одржаа воведен состанок за корисници од областа Училишно образование, во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје.

Директорката на Националната агенција, г-ѓа Лидија Димова, во воведното излагање зборуваше за тековните и идните предизвици за корисниците на програмата Еразмус, за улогата на училиштата во евроинтеграција и за зголемување на капацитетите за подобро искористување на програмата Еразмус 2021/2027. Исто така, на учесниците им се обрати и координаторот на програмата,  г. Гоце Величковски, кој ги поздрави и им се заблагодари што се присутни во толкав број. Воедно, тој беше и модератор на настстанот.

За време на воведниот состанок беа презентирани повеќе аспекти од имплементација на одобрените проекти, кои оваа година забележуваат значително зголемување.

Имено, во областа училишно образование - за 2018 година во Клучна акција 2, одобрени се вкупно 66 проекти.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА НЕФОРМАЛЕН СОСТАНОК НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/baden/DDzC00367.JPGПеток, 19 октомври 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Милена Петрушевска, претставничка на агенцијата, од 15 до 17 октомври 2018 година, учествуваа на неформален состанок на директори на национални агенции за образование и обука

Состанокот се одржа во Баден, Австрија, во организација на Националната агенција на Австрија во рамките на австриското претседателство на Советот на ЕУ.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

Вторник, 16 октомври 2018 година

Претставничките од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески и г-ѓа Мила Протугер Анатасовска, од Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, на 15 октомври, одржаа презентации за европските образовни мрежи еТвининг, Европас и Еврогајденс  како и вовед во Еразмус + Програмата во салата на Општина Чаир.

На презентацијата присуствуваа директори на основните училишта и градинки на ниво на Општина Чаир, наставници и стручна служба од основите училишта во Општина Чаир, воспитувачки и негувателки од градинките во Општина Чаир, како и вработени од Општина Чаир.

Присутните учесници беа од следниве институции: Општина Чаир, ООУ „Хасан Приштина“, ООУ „Лириа“, ООУ „7-ми Март“, ООУ „Јашар Беј Шкупи“, ОУВ „А.С.Макаренко“, ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Конгреси и Манастир“, ООУ „Никола Вапцаров“, ОУ „Рајко Жинзифов“, ЈОУГД „Фидани“.

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: „ЕВРОПСКИ КРЕДИТ ТРАНСФЕР СИСТЕМ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И ПИШУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕ“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ekvet/IMG_7919.JPGСреда, 17 октомври 2018 година

На 16 октомври, во City hall, се одржа Работилница на тема: „Европски кредит трансфер систем во стручното образование и обука и  пишување на резултати од учење“.

ЕКВЕТ е европски инструмент којшто им овозможува на учениците да ги акумулираат, пренесат и користат постигнатите резултати од учење стекнати од формално, неформално или информално образование. Системот се заснова на единици на резултати од учењето кои како дел од квалификациите можат да се оценат и пренесат. Ваквиот систем овозможува мобилност, транспарентност и преносливост на квалификациите стекнати низ различни форми на учење и во различен контекст. 

На настанот учествуваа претставници од повеќе средни училишта од Македонија, кои се запознаа со принципите на ЕКВЕТ системот и преку учество во работилницата за пишување на резултати од учење и критериуми за оценување од повеќе струки, дадоа свој придонес во идната имплементација на овој систем во Македонија.

Повеќе...

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ЕТВИНИНГ ВО БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bro/44088768_2235043323441959_2484811199766593536_n.jpgСреда, 17 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Бирото за развој на образованието, на 16 октомври одржа работен состанок за еТвининг патформата во просториите на Бирото за развој на образованието.

На работниот состанок покрај еТвининг координаторката г-ѓа Мила Протугер Анастасова, беа присутни и г-ѓа Гордана Јанакиевска ИКТ советничка при бирото за образование и воедно наша еТвининг соработничка, г-ѓа Олгица Бајалџиева-еТвининг амбасадорка, директорот на БРО, г. Зеќирија Хасипи, заменик-директорот г. Ванчо Петрушевски, како и советници на Бирото за развој на образование  од Охрид, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Гостивар, Кочани и Струга.

На присутните, на работниот состанок, им беше презентирана еТвининг платформата од страна на еТвининг координаторката, г-ѓа  Мила Протугер Анастасова, при што беше практично објаснета еТвининг придобивката за наставниците преку примери од страна на нашата еТвининг амбасадорка, г-ѓа  Олгица Бајалџиева (наставничка по билологија).

Повеќе...

УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНИ АГЕНЦИИ НА РАБОТЕН СОСТАНОК ОД ОБЛАСТА НА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ХАМБУРГ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/hamburg/44088727_187321015494477_501936657331650560_n.jpgСреда, 17 октомври 2018 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Деспина Србиновска Шандуловска, г-ѓа Мартина Најдоски и г-ѓа Маја Колекеска, во периодот од 7 до 10 октомври, учествуваа на  информален работен состанок во Хамбург, Германија, кој беше од областа на Училишно образование.

На состанокот учествуваа околу шеесетина претставници од повеќе Национални агенции, кои во неколку работни групи дадоа препораки и насоки за подобрување на постоечката и идната регулатива на програмата Еразмус+, во делот на Училишно образование, која се очекува да стартува во периодот од 2021 и да се реализира до 2027 година.

Во рамките на овие работни групи, активно беа вклучени и трите претставнички од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Настанот беше отворен со презентација на г-ѓа Роса М. Родригез-Изкуердо, професор во одделот за образование на Универзитетот Пабло де Олавиде -Севиља, Шпанија.

Повеќе...