tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Потпишувањето на договорот со„Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“ е согласно законот за јавни набавки, бидејќи истата ги ужива авторските права, воедно сакаме да ве известиме дека првично договорот со посоченото правно лице е склучен во 2009 година, кога директорката Лидија Димова не беше на раководната позиција во агенцијата туку ја продолжи веќе воспоставената соработката со претходен договор од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ЕКВЕТ СОСТАНОК ВО СОЛУН

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/solun/43620113_1947131291997182_4536147069928210432_o.jpgЧетврток, 18 октомври 2018 година

На 11 и 12 октомври 2018 година, во ЦЕДЕФОП Солун, Грција, се одржа состанок за ЕКВЕТ.

На состанокот од Македонија учествуваа националната координаторка за ЕКВЕТ, г-ѓа Лулеса Илјази од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и надоврешната експертка за ЕКВЕТ, г-ѓа Славица Димовска.

Oстанатите учесници на семинарот од Европа беа националните координатори на ЕКВЕТ тимовите, експертите за ЕКВЕТ и корисници на ЕКВЕТ.

Целта на состанокот на ЕКВЕТ мрежата 2018 беше иднината на ЕКВЕТ во однос на новите политички рамки и во контекст на идното стручно образование и обука.

Резултатите од следните студии беа достапни и презентирани на состанокот со цел да се расправа за идната улога на ЕКВЕТ: „Професионална мобилност во Европа надвор од Еразмус+" (DG EMPL), „Инструменти кои ја поддржуваат политиката на ЕУ за стручно образование и обука" (DG EMPL) и „Иднината на стручното образование и обука" (CEDEFOP).

Повеќе...

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТИ НА САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО КИЕВ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/kyev/20181016_170948.jpgЧетврток, 18 октомври 2018 година

Претставниците од Националната агенција, г. Александар Богојевски и г. Астрит Реџепи, на 16 октомври присуствуваа на саем за образование во Киев, Украина.

Саемот на образование беше организиран од страна на Европската комисија согласно проектот Study in Europe.

Вработените од Националната агенција, своето присуство на саемот го искористија да ги претстават можностите за студирање во Република Македонија, а воедно, пред заинтересираните студенти од Украина, одржаа презентација за програмата Еразмус+.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА НА КОНТАКТ СЕМИНАР ВО ИСТАНБУЛ

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/istanbul/20181008_181110.jpgПретставникот на Националната агенција, г. Александар Богојевски, заедно со професори/Еразмус координатори од високообразовните институции од Македонија, учествуваа, на покана на Европската комисија, на дводневен контакт семинар за Меѓународна кредитна мобилност во високо образование..

Семинарот се одржа од 8 до 10 октомври во Истанбул, Турција.

Дводневниот настан беше во насока на продлабочување на соработката помеѓу високообразовните институции во Европа и Централна Азија, како и поддршка за аплицирање за централизираните акции од програмата Еразмус+ (EMJMD, Градење на капацитети и Жан Моне).

Повеќе...

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА „ЕРАЗМУС ДЕН“ СО КРОС ТРКА

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/cross/IMG_7646.JPGПеток, 12 октомври 2018 година

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по повод 31-годишнина од постоење на програмата Еразмус, за првпат се вклучи во одбележувањето на „Еразмус ден“ и по тој повод организира крос-трка, што се одржа денеска на кејот на реката Вардар.

На денешен ден сите Национални агенции на држави-членки на ЕУ плус Македонија, Лихтенштајн, Швајцарија и Норвешка, организираа ваков крос и на тој начин ја одбележаа годишнината на „Еразмус ден“.  

На трката зедоа учество околу 200 ученици од основно и средно образование.

Повеќе...

ТАС настан: Кон колаборативна пракса 2018 - Форум за еколошката димензија на социјалното претприемништво

Семинар

27 ноември - 1 декември 2018 година Будимпешта, Унгарија

'Кон колаборативна пракса' Форумот е крос-секторски настан кој го истражува потенцијалот на младинската работа, како и Еразмус плус со цел да го поттикне социјалното претприемништво меѓу младите луѓе.

Заедницата 'Колаборативна пракса' (ККП) ја зголемува и инспирира областа на социјалното претприемништво и иновации откако првата конференција произлезе од Малме, Шведска во 2015 година. Второто издание на ККП-форумот, фокусирајќи се на социјалните иновации и претприемништвото, се одржа во прекрасниот град Лече, Италија во 2016 година. Третото поглавје следеше во Ливерпул Обединетото Кралство, на почетокот на 2018 година, кое се обиде да порасне и да соработува понатаму преку размена на идеи во секторите за млади и стручно образование. Сега ви е ред да се приклучите на заедницата на четвртиот ККП Форум кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија. Фокусот на ова издание ќе биде свеста за животната средина во социјалното претприемништво. Целиот настан е под влијание на нејзината тема, еколошката свест - вклучувајќи избор на сајтови, компилација на менија, паузи за кафе и материјали што ги користиме. Ние веруваме дека е важно да покажеме дека секогаш постои можност да изберете еколошка опција.

Повеќе...

ОДРЖАНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/ef/IMG_7524.JPGСреда, 10 октомври 2018 година

Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески и г. Алексндар Голев, од Секторот за координација и реализација на европски образовни мрежи, на 9 октомври, одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Економски факултет - Скопје.

На присутните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Економски факултет –Скопје, им беа објаснети Европас документите, Еврогајденс целите и активностите, потоа какви сè можности нуди Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за самите студенти.

Повеќе...

ПРИЕМ НА 29 ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/stip/20181005_114313.jpgВторник, 9 октомври 2018 година

По повод прием на 29 Еразмус+ студенти од земјите-членки на Европската унија (Полска, Германија, Италија, Хрватска, Шпанија, Португалија и Бугарија) при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 5 октомври се одржа свечен настан на кој зедоа присуство двајца претставници од Националната агенција.

На настанот, воведен говор одржа раководителот на Одделението за високо образование при Националната агенција, г. Александар Богојевски.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ЕРАЗМУС+ (ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ) И ЕВРОПСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/bas/IMG_7504.JPGЧетврток, 4 октомври 2018 година

Денеска,  претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, г. Александар Богојевски и г. Алексндар Голев одржаа презентации за Еразмус+ (високо образование) и европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс на Бизнис Академија Смилевски- Скопје.

На презентациите присуствуваа студенти од Бизнис Академија Смилевски- Скопје, при што им беа објаснети Европас документите, Еврогајденс целите и активностите, како и какви сè можности нуди Еразмус+ програмата (високо образование) за студентите.

Повеќе...

Јавен повик за селекцијата на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија

Врз основа на Решението за објавување јавен повик бр. 18-1211/2 од 04.10.2018 година, како и предвидените цели и задачи за импелементација на работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Комисија – Еразмус+, Еврогајденс, Европас и Евридика, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) објавува Јавен повик за селекцијата на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.  

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност избира правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативи на Европската унија. Под логистичка поддршка се подразбира избор на правно лице кое ќе врши активности за реализација на настаните наведени во работните програми за погоренаведените програми и иницијативи во смисол организирање на транспорт на учесници и материјали потребни за настаните, обезбедување сместување со ноќевање на учесниците

Повеќе...

ПОЧЕТОК НА НОВА ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА - ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

tl_files/docs/eplus/2018/Images/oct2018/atina/image003.jpgЧетврток, 4 октомври 2018 година

Претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Снежана Симоновска и г-ца Дивна Коцева од Секторот за индивидуални мобилности во областа на образованието, обука и млади,  во периодот од 26 до 28 септември 2018 во Атина, присуствуваа на редовна обука за вработени во Национални агенции. 

Почетокот на новата програма на Европската комисија - Европски солидарен корпус беше во фокусот на оваа обука. 

Обуката започна со видео конференција и директно обраќање кон учесниците од тимот на Европската комисија, кој директно е надлежен за реализација на Европскиот солидарен корпус.

За времетраење на целата обука учесниците имаа можност директно да поставуваат прашања до претставникот на Европската комисија, кој активно учествуваше во обуката.

Повеќе...