tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Моментално нема новости.

Соопштение на Владата на Република Северна Македонија за влегување во сила на конечната спогодба, уставните амандмани и уставниот закон за спроведување на амандманите

Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весник. 

Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник. 

Повеќе...

ПРИСУСТВО НА СОСТАНОК НА ГРАНТИСТИТЕ ОД КА2 ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2019 ГОДИНА

Четврток, 7 февруари 2019 година

На 28 и 29 јануари 2019 година, во Брисел, во организација на EACEA, се одржа состанок на грантистите од КА2 за градење на капацитетите во високото образование за 2019 година како поддршка на модернизацијата, достапноста и интернационализацијата на високото образование во партнерските земји на Еразмус+ програмата.

На состанокот, како претставник од НАЕОПМ, присуствуваше Милена Петрушевска, раководител на Одделението за буџетска координација.

Повеќе...

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ EВРОПАС И ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ljubenlape/LL1.jpgПонеделник, 11 февруари 2019 година

На 8 февруари, во основното училиште „Љубен Лапе”, беше одржана работна средба за мрежите еТвининг, Еуропас и Еразмус+програмата, на која присуствуваа 22 претставници од училиштето.

Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со мрежите Етвининг и Европас, како и со програмата Еразмус+ и можностите кои ги нудат за наставниците и учениците.

Повеќе...

ТАС Настан: Контакт семинар во Романија

Тема: FuturE+

Целта на тренингот:

  • мапирање на силните точки и елементи кои имаат потреба од подобрување во сегашната програма Е +;
  • како новите елементи на програмата можат ефикасно да се спроведат од страна на корисниците;
  • изработка на резолуција на учесниците во врска со иднината на програмата Еразмус + (2021-2027).

 Студиската посета ќе се реализира во Букурешт, Р. Романија од 12 до 15 март 2019.

Таргет група:

Студиската посета е отворен за учесниците од областа на училишното образование, стручните институции и/или јавната администрација:

Повеќе...

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РАЗЛИЧНИ СЕКТОРИ И МОЖНОСТИТЕ ЗА МОБИЛНОСТИ ВО ЕРАЗМУС+

Среда, 6 февруари 2019 година

На 5 февруари, се одржа настан на кој беа презентирани можностите за мобилности и вклучување на претставници од различни сектори во Еразмус+.

Во просториите на хотел Сириус, во Струмица, настанот го организираше CNVP Градење на позелена економска средина, како дел од проектот „Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ“.

Претставниците Драгица Ивановска, Александар Богојевски и Јовица Митевски од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност подетално ги презентираа моделите на вклучување во клучните акции, апликациските веб-формулари, процесот на аплицирање, можноста да бидат вклучени лица со посебни потреби, признавање на вештини и квалификации од полето на високо образование, млади и училишно образование.

Повеќе...

ТАС настан: ЕВРОПСКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИНСКА РАБОТА: иновации, тековни трендови и развој на младинската работа Конференција

21-24 мај 2019 | Крањска Гора, Словенија

Европската академија има за цел да ги поддржи иновациите и политиките во младинската работа како и развојот на квалитетот. Ова е поле за размена на креативни, трансформативни и иновативни пракси од младинската работа, алатки и инструменти.

Европската академија за младинска работа ќе понуди платформа за рефлексија на европските теми релевантни во полето на млади, нивниот тековен развој и идните трендови.

Околу 140 учесници ќе земат учество на првото издание на конференцијата „Иновации, тековни трендови и развој во младинската работа“.

Учесниците ќе имаат можност да учествуваат на пленарна сесија, неформален простор за работа и сесии по нивен избор и тие ќе можат да:

Повеќе...

ПОСЕТА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/bg/IMG_9100.JPGПонеделник, 28 јануари 2019 година

На 25 јануари бугарскиот амбасадор во Република Македонија, г. Ангел Ангелов, на негово барање, ги посети новите простории на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се сретна со директорката, г-ѓа Лидија Димова.

На средбата двете страни се согласија дека треба да се продлабочи соработката меѓу македонската и бугарската Национална агенција.

Бугарскиот амбасадор, г. Ангел Ангелов, ја запозна директорката Димова за намената на бугарската билатерална помош за Република Македонија, која е ставена во функција на евроинтеграциите на Македонија за следните целни групи:

Повеќе...

ПОДГОТВИТЕЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ОД СТРАТЕГИСКОТО ПАРТНЕРСТВО „МЛАДИ НА РАБОТА“ ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ И КРЕИРАЊЕ НА БАЗА НА ТРЕНЕРИ

Среда, 30 јануари 2019 година

На 15 и 16 јануари 2019 година, во Мадрид, беше одржан состанок на партнерите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

На состанокот како претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратегиски партнерства од областа на образованието, обука и млади и г. Јовица Митевски од Одделение за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог.

Целта на овој состанок беше креирање на содржинскиот дел од обуката за тренери како прва фаза од партнерството „Млади на работа“, кој ќе резултира со поставување на базата на тренери.

Претставниците на Националната агенција од Македонија дадоа контрибуција кон креирање на содржината во бенефит за ситуацијата во Македонија од полето на стручно образование и млади од аспект на приоритетите за вработување, дигитални и претприемнички компетенции, рамноправност во претприемништвото и вештини при вработување. 

Повеќе...

Јавна дискусија „Зошто е потребен законот за млади“

Среда, 30 јануари 2019 година

На 30 јануари 2019 година, во хотел „Парк Резиденс“, во Скопје, се одржа јавна дискусија на тема „Зошто е потребен законот за млади“.

Овој настан е дел од серија на јавни консултации на национално ниво кои се организираат со младите и други засегнати страни, кои активно учествуваат во креирањето и во имплементацијата на политиките за млади.

Настанот е поддржан од Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. 

Јавната дискусија ја водеше Марија Мерковска, Прогрес Институт за социјална демократија, а  говорници на дискусијата беа:

  • Дарко Каевски, претседател на СДММ;
  • Јован Јаулески, УМС ВМРО-ДПМНЕ;
  • Куштрим Ала, Форум на млади на ДУИ;
  • Блажен Малески, претседател на НМСМ.   

Од сите присутни говорници на овој настан беше истакната важноста од учеството на сите подмладоци на политичките партии во периодот на подготовка на нацрт- текстот на законот за млади.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЕВРИДИКА И МОЖНОСТИТЕ НА ЕРАЗМУС +

Понеделник, 4 февруари 2019 година

На 31 јануари, во рамките на завршната конференција од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување“, беа презентирани европската иницијатива Евридика и можностите на програмата Еразмус +.

На конференцијата учествуваа голем број на претставници од градинките,  Министерството за труд и социјална работа, Европската делегација, образовните институции кои работат во полето на предучилишно образование и од граѓанските  организации.

На присутните им беа посочени конкретно можностите кои програмата Еразмус +, ги нуди во делот на предучилишно образование (мобилности и стратешки партнерства), како и начинот, постапката и роковите за аплицирање.

Повеќе...