е-Твининг тематска конференција за професионален развој во Италија (Фиренца), 21-23 септември 2016

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на учество на еТвининг – тематска конференција за професионален развој во Италија (Фиренца) од 21 до 23 септември  2016 година. Организатор на настанот е Unità Nazionale eTwinning Italia (Agenzia Nationale Erasmus+INDIRE–www.erasmusplus.it). Темата на настанот е „Citizenship a new ethic for the 21st Century-the contribution of eTwininng“.

 

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за високо образование

17.03.2016

tl_files/images/erasmus+baner_home.jpg

Еразмус+ Повелбата за високо образование обезбедува општа квалитативна рамка за европските и меѓунардоните активности за соработка кои што високо-образовните институции можат да ги реализираат во Програмата. Доделувањето на Еразмус Повелбата за високо образование е пред-услов за сите високо-образованите институции од програмските земји и кои што сакаат да учествуваат во трите клучни акции од Еразмус+. 

Повеќе...

Јавен повик за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2016 година

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на Јутвики, како и решението бр.02-48/2  од 15.01.2016 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

Јавен повик

за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2016 година

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност–( НАЕОПМ) е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Македонија.

Повеќе...

Јавен повик за надополнување на базата на НАДВОРЕШНИ ЕВАЛУАТОРИ за оценување на предлог проекти и/или периодични или финални извештаи од одобрени проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Врз основа на Решение  бр. 08-983/2од 29.12.2015 година донесено од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

Јавен повик за надополнување на базата на НАДВОРЕШНИ ЕВАЛУАТОРИ за оценување на предлог проекти и/или периодични или финални извештаи од одобрени проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за мобилност за стручно образование и обука

tl_files/docs/eplus/VET-CHARTER/2015_08-Erasmus+-VET-webbanner-transparentblue.png

02-834/2 од 26.10.2015

Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука е наменета за поттикнување на организациите кои веќе имаат докажан квалитет во организирањето на ВЕТ мобилности на ученици и вработени за понатаму да ги развијат нивните европски меѓународни стратегии.

Повеќе...

(коментари: 0)

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A04/15: ЕРАЗМУС+ 2016

02-832/2 од 26.10.2015год.

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на 2015 и 2016 Еразмус+ Годишната работна програма. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

Повеќе...

(коментари: 0)

Јавен повик за ангажирање на Промотори за програмата Еразмус + во Република Македонија

Врз основа на Решение  бр. 02-368 од 01.04.2015 г. донесено од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за Промотори за програмата Еразмус+ во Република Македонија.

Еразмус+ е програма на ЕУ во областите на образование, обука, млади и спорт. Нејзина цел е да одговори на повеќепредизвици кои се однесуваат на борбапротивзголемувањето на нивото на невработеност, особено меѓу младите лица, развој на социјалниот капитал, промоција на системски реформи во земјите за демократски живот во Европа, активно граѓанство, вклучително и развојот на спортот и спортските активности.

Повеќе...

(коментари: 0)

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A04/14: ЕРАЗМУС+ 2015

02-635/1 од 05.12.2014год.

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот на 11 декември 2013 воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт како и на Годишната работна програма Еразмус+ 2015, вклучително и Поглавје 4 – Меѓународна димензија на високото образование. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 5, 11 и 16 од Регулативата.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија

Врз основа на Решение  бр. 02-595/2 од 24.11.2014   г. донесено од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува ЈАВЕН  ПОВИК за Еуродеск информативни центри во Република Македонија.

Еуродеск е бесплатен сервис за пласирање и дисеминација на информации, кои се достапни преку платформи за информирање и има за цел на младите луѓе и оние кои работат со нив да им обезбеди информации за можностите и мобилноста од Европските програми...

Повеќе...

Повик за апликации: еТвининг мултилатерален семинар во Лион (Франција), 7-9 ноември 2014

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира пет места на еТвининг – мултилатералниот семинар во Лион (Франција) што ќе се одржи од 7 до 9 ноември 2014 година. Организатор на настанот е еТвининг Националниот сервис за поддршка на Република Франција (SCÉRÉN - http://www.cndp.fr/accueil/ - http://www.etwinning.fr/index.php?id=115).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места најдоцна до 18 септември 2014. Покрај пополнетата апликациска форма, потенцијалните учесници треба да достават и кратка биографија во Еуропас формат и тековна состојба од централен регистар за училиштето.

Повеќе...