ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со Јавниот повик за НАДВОРЕШНИ ЕВАЛУАТОРИ за оценување на предлог проекти и/или периодични или финални извештаи од одобрени проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020), Ве информираме дека се продолжува рокот за аплицирање до 12.03.2014 година 12.00 часот. Сите останати одредби од Повикот остануваат непроменети.

Повеќе...

Јавен повик за НАДВОРЕШНИ ЕВАЛУАТОРИ за оценување на предлог проекти и/или периодични или финални извештаи од одобрени проекти во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ (2014-2020)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност- НАЕОПМ е јавна институција формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Македонија.

НАЕОПМ го објавува овој Јавен повик со цел создавање на база на независни надворешни евалуатори за оценување на предлог проекти и/или периодични или финални извештаи од одобрени проекти за програмата Еразмус+, и тоа за:

Повеќе...

(коментари: 0)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

Програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт 2014-2020, предложена од страна на Европската комисија на 23 ноември 2011 (во понатамошниот текст „Програмата“) се уште не е усвоена од Европската законодавна власт. Сепак, Комисијата донесе одлука да го објави овој Повик за предлог проекти со цел да им овозможи на потенцијалните корисници на грантови од Европската унија навремено да ги подготват своите проекти, а со тоа да се обезбеди непречено спроведување на самата програма во иднина.

Повеќе...