Вработување во НА

ЈАВЕН КОНКУРС БРОЈ -  01/2017

 

Врз основа на член 16 став 3 од Законот за основање на Национална агенцијаза европски образовни програми и мобилност (Службен весник на РМ бр. 113/07, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15 и 55/16), а согласно Одлуката за објавување на јавен конкурс за избор на директор на Национална агенцијаза европски образовни програми и мобилност бр. 01-1042/1 од 23.11.2017 година, Управниот одбор на Национална агенцијаза европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за избор на:

- Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

 

I. Кандидатите за директор треба да ги исполнуваат следните услови:

1)     да е државјанин на Република Македонија;

2)     во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3)     да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

4)     има минимум пет години работно искуство;

5)     поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-       ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода;

-       ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода;

-       ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку ниво Б2 (B2)

-       ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First ) – положен или

-       БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и

6)     има положено психолошки тест и тест за интегритет.

II. Кандидатите за директор потребно е да ја достават следната документација:

  • Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;
  • Писмо за мотивација;
  • Уверение за државјанство на Република Македонија;
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Диплома за завршено образование наведено во точка 3);
  • Документи за доказ на работно искуство;
  • Меѓународно признаен сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години наведено во точка 5) и
  • Потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет.

III. Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), а заклучно со 01.12.2017 година.

IV. Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне. Почетна основна месечна нето плата 53.130,00 денари. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

V. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Управниот одбор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

VI. Комплетните апликации, кандидатите се должни да ги достават на следната адреса:

Национална агенција за eвропски образовни програми и мобилност
Порта Буњаковец“ бр. А2-1

1000 Скопје

Со назнака: За Управен одбор

На ковертот да се наведе бројот на огласот "Јавен Конкурс Бр. 01/2017", со напомена: „Не отворај“.