
Европски кредит систем за стручно образование и обука
(European credit system for vocational education and training- ECVET)
Европскиот Кредит систем за стручно образование и обука (ЕКВЕТ) е европски инструмент за промоција на взаемната доверба и мобилноста во стручното образование и обука. Развиен од страна на земјите членки на Европската Унија, во соработка со Европската комисија, ЕКВЕТ се усвојува од Европскиот парламент и Советот на 18-ти јуни, 2009 година.
Усвојувањето и имплементацијата на ЕКВЕТ во земјите учеснички е доброволно.
ЕКВЕТ се базира на концепти и процеси кои се користени на систематски начин за воспоставување на пријателско-кориснички јазик за транспарентност, трансфер и признавање на резултатите од учење. Некои од овие концепти и процеси се веќе вградени во многу квалификациски системи ширум Европа.
ЕКВЕТ се базира на концепти и процеси кои се користени на систематски начин за воспоставување на пријателско-кориснички јазик за транспарентност, трансфер и признавање на резултатите од учење. Некои од овие концепти и процеси се веќе вградени во многу квалификациски системи ширум Европа.
ЕКВЕТ се базира на:
- Резултати од учење, кои претставуваат опширни искази за знаењата, вештините и компетенциите кои можат да се стекнат во мноштво контексти на учење.
- Тематски целини базирани на резултати од учењето кои претставуваат компоненти на квалификациите. Тематските целини можат да бидат оценувани, валидирани и признаени.
- ЕКВЕТ поени кои даваат дополнителни информации за единиците и квалификациите во нумеричка форма.
- Кредити кои се доделуваат за оценети и документирани резултати од учење. Кредитот може да се трансферира во други содржини и да биде акумулиран при стекнувањето на квалификација на база на стандардите на квалификации и постојните правила во одредена земја.
- Взаемна доверба и партнерство меѓу организациите учесници. Тоа е изразено преку Меморандум за разбирање и Договор за учење.
Повеќе информации за ECVET на: https://www.ecvet-secretariat.eu/en
УПАТСТВО за доделување на ЕKВЕТ кредити и поени во
стручното образование и обука