Одржана Еврогајденс конференција во Струмица
- Categories ЕУРОГАЈДЕНС
- Date 12/06/2018
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од 28 до 30 ноември одржа Еврогајденс конференција во хотел „Сириус“ – Струмица, која е во согласност со тригодишната програма.
На конференцијата присуствуваа 22. наставници, од следните градови: Скопје, Битола, Штип и Струмица, од средните стручни училишта коишто работат во центрите за кариера во нивните училишта.
Конференцијата беше направена со цел наставниците да се запознаат со мрежата Еврогајденс и какви можности нуди таа.
На Еврогајденс конференцијата присуствуваше и експертка од Бугарија, која одржа неколку работилници за кариерното образование и насочување на учениците образложувајќи според кои методи се прави и како соодветно да се снајдат наставниците со учениците коишто имаат проблеми во однос на понатамошното образование.
Исто така, на конференцијата беше претставен и коучингот, т.е. метод за обучување.
Учесниците на конференцијата имаа можност да направат неколку различни поединечни вежби во вид на работилница.
На крајот на конференцијата на
учесниците им беа поделени сертификати за нивното присуство и активно учество.
You may also like
Работна средба за Еврогајденс
На 11.12.2015 година (петок) се одржа работна средба за Еурогајденс во просториите на ОУ “Александар Македонски”-Скопје. На истата присуствуваа педагогот и психологот на училиштето, како и еден одделенски наставник. Целта на одржување на оваа средба беше запознавање со елементите на …
ЦЕДЕФОП ја издаде новата студија насловена Skills, qualifications and jobs in the EU: the making of a perfect match? Студијата е фокусирана на влијанието за економската криза врз несофпаѓањето на вештините, дали постои причина невработените лица брзо да се вработат, …
Работна средба за ЕВРОПАС и ЕВРОГАЈДЕНС
На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Европас и Еврогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со …