Еурогајденс Семинар за невработени млади
- Posted by administrator
- Categories ЕУРОГАЈДЕНС
- Date јуни 12, 2020
Еврогајденс ја поддржува интернационализацијата на водство и советување. Еврогајденс е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за водство. Еурогајденс центрите работат во околу 34 земји.
- Промовирање на европска димензија и водство
- Обезбедување на квалитетни информации за доживотни водство и мобилност за целите на учење
Главна целна група на Еурогајденс и упатство за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји. Во Република Македонија Национален центар за Еврогајденс е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Согласно Годишната програма за 2017 година на Еурогајденс, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше Семинар за млади невработени лица на 12.05.2017 година во Центарот за кариера при Работничкиот универзитет Кочо Рацин во Скопје. Овој семинар беше оддржан од страна на Еврогајденс Центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Центарот за вработување- Скопје. На овој семинар присуствуваа 16 млади невработени лица на возраст од 18 до 35 години од Скопје.На семинарот од страна на претставниците на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им беше објасено на учесниците како да креираат подобра кратка биографија според Европас форматот и како да направат јазичен пасош. Во контекст на ова им беше објаснето и какви се поволности и можности нуди Еразмус + Програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за младите лица во Република Македонија.
You may also like
Работна средба за Еврогајденс
На 11.12.2015 година (петок) се одржа работна средба за Еурогајденс во просториите на ОУ “Александар Македонски”-Скопје. На истата присуствуваа педагогот и психологот на училиштето, како и еден одделенски наставник. Целта на одржување на оваа средба беше запознавање со елементите на …
ЦЕДЕФОП ја издаде новата студија насловена Skills, qualifications and jobs in the EU: the making of a perfect match? Студијата е фокусирана на влијанието за економската криза врз несофпаѓањето на вештините, дали постои причина невработените лица брзо да се вработат, …
Работна средба за ЕВРОПАС и ЕВРОГАЈДЕНС
На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Европас и Еврогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со …