Работна средба за ЕВРОПАС и ЕВРОГАЈДЕНС
- Posted by administrator
- Categories ЕУРОГАЈДЕНС
- Date јуни 12, 2020
На 21.01.2016 година се одржа работна средба за Европас и Еврогајденс во ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. На оваа работна средба присуствуваа 22-ца наставници од ОУ Димо Хаџи Димов- Скопје. Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање со мрежите Еуропас и Еурогајденс, како и какви можности нудат, нивните елементи и новости. На оваа работна средба им беа објаснети активностите кои ќе бидат организирани од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а се однесуваат на помош и поддршка на корисниците кои би аплицирале во наредните рокови а кои се поврзани со Европас и Еврогајденс. Исто така беа поставени неколку прашања од страна на наставниците за мрежите и истите беа одговорени од страна на вработените од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кои беа присутни на работната средба.
You may also like
Работна средба за Еврогајденс
На 11.12.2015 година (петок) се одржа работна средба за Еурогајденс во просториите на ОУ “Александар Македонски”-Скопје. На истата присуствуваа педагогот и психологот на училиштето, како и еден одделенски наставник. Целта на одржување на оваа средба беше запознавање со елементите на …
ЦЕДЕФОП ја издаде новата студија насловена Skills, qualifications and jobs in the EU: the making of a perfect match? Студијата е фокусирана на влијанието за економската криза врз несофпаѓањето на вештините, дали постои причина невработените лица брзо да се вработат, …
Еурогајденс центарот при Националната агенција во текот на јуни 2016 година спроведе анкета чија целна група беа сите чинители во областа на кариерното водство и советување во во училишното образование во земјата земјата. Целта беше да се испитаат потребите на …