ПОВИК ЗА АКРЕДИТАЦИЈА – EAC/A02/2020
ПОВИК ЗА АКРЕДИТАЦИЈА – EAC/A02/2020
Oбјава на максимум број на акредитации
Организации квалификувани за учесво во повикот за акредитација
ЕРАЗМУС АКРЕДИТАЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА ВОЗРАСНИ, СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И УЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
ПРАВИЛА ЗА ПРИМЕНА
- ВОВЕД
Повикот за Еразмус акредитации се отвора во подготовката на програмата за образование, обука, млади и спорт на Европската унија за периодот 2021-2027 на Европската комисија на 30 мај 2018 година (натаму во текстот „програма“)[1].
2. ОПИС
Еразмус акредитацијата е алатка за организациите од областа на образованието на возрасните, стручното образование и обука (СОО) и училишното образование коишто сакаат да започнат прекугранична размена и соработка. Доделувањето на акредитацијата на Еразмус потврдува дека апликантот има план за спроведување на висококвалитетни мобилности, како дел од еден поширок зафат за развој на својата организација. Планот се вика „Еразмус план“ и тој е клучен дел од апликацијата за Еразмус акредитацијата.
Апликантите може да аплицираат за поединечна Еразмус акредитација за нивната организација, или за Еразмус акредитација за конзорциум за координатори на мобилности, како што е објаснето во Дел 6 од овие правила. За да се аплицира не е неопходно да се има претходно искуство во Еразмус+ (2014-2020).
Исто така, организациите коишто се тековно носители на валидни Повелби за мобилност во СОО може да ја трансферираат својата акредитација за идната програма со тоа што ќе аплицираат на овој повик. Овие организации може да аплицираат за посебна лесна процедура според критериумите опишани во Дел 9 од овие правила. Сите други апликанти поминуваат низ стандардна процедура како што е опишано во Деловите 4-8.
Како дел од овој повик, сегашните носители на Повелби за мобилности во СОО може, исто така, да добијат назив за извонредност, со кој се признава нивниот минат труд и посветеност кон квалитет. Повеќе информации има во Дел 12.
Акредитираните организации од Еразмус ќе имаат поедноставен пристап до финансирањето на клучна акција 1 во идната програма (2021-2027), како што е опишано во Дел 14 од овие правила.
3. ЦЕЛИ
Оваа акција ги поддржува следниве цели:
- ВО СИТЕ ТРИ ОБЛАСТИ
- Зајакнување на европската димензија на наставата и учењето преку:
- Промоција на вредности на инклузија и разновидност, толеранција и демократско учество;
- Промоција на знаење за заедничкото европско наследство и богатството на разновидноста;
- Поддршка на развојот на професионалните мрежи низ Европа.
- ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ
- Зголемување на квалитетот на формалното, информалното и неформалното образование на возрасните во Европа преку:
- Подобрување на квалитетот на образованието на возрасните понуден преку професионализација на персоналот и градењето капацитети на провајдерите на образование на возрасни заради спроведување на квалитетни програми за учење;
- Зголемување на квалитетот на наставата и учењето во сите форми на образование на возрасни за тие да бидат релевантни за потребите на целото општество;
- Подобрување на обезбедувањето на образованието за возрасни за клучни компетенции онака како што се тие дефинирани во Рамката на ЕУ (2018), вклучувајќи ги основните вештини (писменост, финансиска подготвеност, дигитални вештини) и други животни вештини.
- Придонес кон создавањето на Европскиот образовен простор преку:
- Градење на капацитетот на провајдерите на образование за возрасните за спроведување на висококвалитетни проекти на мобилност;
- Зголемување на учеството на возрасните од сите возрасти и социо-економски статуси во образованието на возрасните, особено преку поттикнување учество на организации кои работат со непривилегирани ученици, мали провајдери на образование за возрасни, нови корисници на програмата и локални организации.
- ВО ОБЛАСТА НА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
- Зголемување на квалитетот на иницијалното и континуирано стручно образование и обука (IVET и CVET) во Европа преку:
- Зајакнување на клучните компетенции и трансверзални вештини, особено кај учењето јазици;
- Поддршка на развојот на вештини поврзани со конкретни работни места потребни на тековниот и на идниот пазар на труд;
- Споделување на заеднички практики и промоција на употребата на нови и иновативни педагошки методи и технологии и поддршка на професионалниот развој на наставниците, обучувачите, менторите и другиот кадар во СОО.
- Придонес кон создавањето на Европскиот образовен простор преку:
- Градење капацитети на провајдери на СОО за спроведување на висококвалитетни проекти на мобилност и нивна способност да формираат квалитетни партнерства додека ја развиваат својата стратегија за интернационализација;
- Правењето на мобилноста реална можност за кој било ученик во иницијално СОО и континуирано СОО и зголемување на просечното времетраење на мобилноста за учениците во СОО заради зголемување на квалитетот и влијанието;
- Негување на квалитетот, транспарентноста и признавање на резултатите од учењето на периодите на мобилност во странство, особено со употреба на европски алатки и инструменти токму за таа намена.
- ВО ОБЛАСТА НА УЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ
- Зголемување на квалитетот на наставата и учењето во училишното образование преку:
- Поддршка на професионалниот развој на наставниците, училишните раководители и другиот училишен кадар;
- Промоција на употребата на новите технологии и иновативни наставни методи;
- Подобрување на учењето јазици и јазичната разновидност во училиштата;
- Поддршка на споделувањето и трансферот на најдобрите практики во наставата и развојот на училиштата.
- Придонес кон создавањето на Европскиот образовен простор преку:
- Градење капацитети на училишта за нивно ангажирање во прекугранични размени и соработка и за спроведување вискоквалитетни проекти на мобилност;
- Мобилностите заради учење да станат реална можност за кој било ученик од училишното образование;
- Поттикнување и признавање на резултатите од учењето на учениците и кадарот од периодите на мобилност во странство.
4. КАКО СЕ ДОСТАВУВА АПЛИКАЦИЈА?
Формулар за апликација | Апликациите мора да бидат доставени со помош на службениот електронски формулар: https://webgate.ec.europa.eu/erasmus-applications/screen/home |
Каде се доставува апликација? | Апликациите мора да се достават во Националната агенција во државата во која е основана организацијата-апликант. |
Регистрација на организација | Апликантите мора да имаат организациски ID (OID) за да аплицираат на овој повик. Апликантите коишто веќе учествувале во Еразмус+ (2014-2020) треба да ги користат своите постоечки OID и не треба повторно да се регистрираат. Апликант којшто претходно користел PIC број (Participant Identification Code) не треба повторно да се регистрира. Овие апликанти автоматски добиваат OID и можат да го најдат во системот за регистрација на организации (Organisation Registration System) следејќи го линкот подолу. Апликантите коишто никогаш не учествувале во Еразмус+ (2014-2020) мора да се регистрираат за OID преку Organisation Registration System: https://webgate.ec.europa.eu/erasmus-esc/organisation-registration/screen/home |
Јазик на аплицирање | Апликациите мора да бидат напишани на еден од службените јазици на ЕУ или службените јазици на државите кои не се од ЕУ, но кои се квалификуваат за програмата. Точниот број на прифатливи јазици во секоја држава го одредува релевантната Национална агенција. |
Рок на достава | 29 октомври 2020 година, 12.00 (напладне, бриселско време) |
Стандарди за квалитет на Еразмус | Апликантите за Еразмус акредитации мора да ги прифатат стандардите за квалитет на Еразмус дефинирани во Анекс I од овие правила. Стандардите за квалитет на Еразмус може да се ажурираат за време на периодот на важење на акредитацијата. Во тој случај, ќе се бара договор од акредитираните организации пред тие да можат да аплицираат за следниот грант. |
Број на апликации | Една организација може да аплицира еднаш во секоја од трите области опфатени со овој повик: образование за возрасни, стручно образование и обука и училишно образование. Организациите кои аплицираат на повеќе од една област треба да достават посебни апликации за секоја област. |
Видови апликации | Апликантите може да се јават како поединечни организации или како координатор на конзорциум за мобилност. Невозможно е да се аплицира за двата вида на акредитации во истата област. |
Еразмус акредитација за координатори на конзорциуми за мобилност | Конзорциум за мобилност е група на организации од иста држава кој спроведува мобилности како дел од заеднички Еразмус план. Секој конзорциум за мобилност е координиран од една организација-носител: акредитиран координатор на конзорциум за мобилност. Акредитиран координатор на конзорциум за мобилност може самиот да организира активности (исто како и секоја организација со поединечна акредитација) и, исто така, може да обезбеди можности за мобилност за другите организации-членки на нивниот конзорциум. Без да се навлегува во правото на применливите годишни повици, во идната програма, Еразмус акредитацијата ќе се бара за сите координатори на конзорциумот за мобилност, но нема да се бара за членките на конзорциумот. Апликантите за координатори на конзорциуми за мобилност ќе треба да дадат опис на намената и планираниот состав на нивниот конзорциум во апликацијата. Сите планирани организации-членки на конзорциумот мора да бидат од истата држава како и координаторот на конзорциумот за мобилност. Сепак, во оваа фаза нема да се бара точен список на членки на козорциумот. Натамошни правила за учество во конзорциум за мобилност ќе бидат дефинирани во годишните повици за предлог-проекти објавени од Европската комисија. |
- КРИТЕРИУМИ ЗА ПРАВО НА УЧЕСТВО
Само апликантите со легален статус дефиниран со тековната Еразмус+ регулатива (2014-2020)[2] може да аплицираат на овој повик. Другите критериуми опишани подолу ќе се применуваат за право на учество во трите области.
Кој може да аплицира? Организации-апликанти со право на учество | Во областа на образованието на возрасните: Организациите што нудат формално, информално и неформално образование за возрасните[3];Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на образованието на возрасните. | |||
Во областа на стручното образование и обука: Организации кои нудат иницијално или континуирано стручно образование и обука;Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на стручното образование и обука;Претпријатија и други јавни и приватни организации кои се домаќини, обучувачи или кои на друг начин соработуваат со лицата што учат, и почетници во стручното образование и обука. | ||||
Во областа на училишното образование: Училишта што нудат општо образование во пред-основно, основно и средно образование;Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на училишното образование. | ||||
Применливи дефиниции и принципи во сите три области Правото на учество на организации под услов (1) ќе се одредуваат врз основа на образовните програми и активности што тие ги обезбедуваат. Една организација може да има право на учество во повеќе од една област ако обезбедува различни образовни програми и активности. Надлежната национална власт во секоја држава ќе ги дефинира: образовните програми и активности кои им овозможуваат на организациите да се квалификуваат под услов (1) иорганизации кои имаат право на учество под услов (2). Применливите дефиниции и примери на организации со право на учество ќе се објавуваат на веб-страницата на одговорната Национална агенција. | ||||
Држави со право на учество | Организациите-апликанти мора да бидат воспоставени во една од следниве држави: Која било држава-членка на Европска унија;Трети држави поврзани со програмата, како што е одредено во законската основа[4]. | |||
Организации во поддршка | Сите други организации активни во образованието и обуката може да учествуваат како организации во поддршка на акредитирани корисници. Улогата и обврските на организациите во поддршка мора меѓусебно да им бидат формално дефинирани како и со акредитираниот корисник. Сите придонеси на организациите во поддршка мора да ги исполнуваат стандардите за квалитет на Еразмус. Натамошни правила за учеството на организациите во поддршка ќе бидат дефинирани во годишните повици за предлог-проекти објавени од Европската комисија. | |||
6. КРИТЕРИУМИ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ
Апликантите мора да достават потпишана декларација за чест во смисла на член 137 од Финансиската регулатива на ЕУ[5], со што потрвудуваат дека:
- Не се наоѓаат во ниту една од ситуациите наведени во членовите 136(1) и 141 од регулативата,
- Доставениот Еразмус план содржи оригинални содржини на коишто автор е организацијата-апликант и дека ниту една друга организација или надворешно лице се платени за изготвувањето на апликацијата.
Националната агенција може да го исклучи апликантот од процесот на акредитацијата, или да поништи доделена акредитација во кое било време, кога ќе утврди дека информациите во декларацијата не се точни (на пример, ако истата или многу слична содржина се користи во апликации од различни организации).
Истовремено, на апликантите им е дозволено, и тие се поттикнуваат, да побараaт стратегиски насоки од релевантни образовни власти и експерти, или да разменуваат добри практики со организации слични на нивните кои имаат повеќе искуство со Еразмус+. Апликантите од конзорциум координатор може да консултираат потенцијални членови на конзорциумот при изготвувањето на нивната апликација. Апликантите може во поддршка на својата апликација да достават стратегиски документи кои се релевантни за нивните Еразмус планови, како што се стратегии за интернационализација, или стратегии изготвени од нивните надзорни или координативни тела.
7. КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
- ОПЕРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ
Апликантите мора да имаат доволно оперативен и професионален капацитет за да го спроведат предложениот Еразмус план, особено во смисла на:
- Искуство: апликантите мора да имаат најмалку двогодишно искуство со спроведување на активности со кои се квалификуваат за апликанти за овој повик (како што е дефиирано во Дел 5). Искуствата кои претходеле на спојувања или на слични структурни промени на јавни ентитети (пр., училишта или образовни центри) ќе се земаат предвид како релевантно искуство во областа.
- За координатори на конзорциуми: организацијата-апликант мора да биде способна да го координира конзорциумот според предложениот Еразмус план, намената на конзорциумот, планираната распределба на задачи како и стандардите за квалитет на Еразмус.
Оперативниот капацитет ќе се верифицира врз основа на апликацијата (вклучувајќи ја информацијата за минатото искуство на апликантот во Еразмус+ програмата 2014-2020) и документите доставени во Системот за регистрација на организации. Апликантите кои нема да ги комплетираат информациите што се бараат во апликацијата може да се дисквалификуваат поради тоа. Националната агенција може да бара дополнителни документи во поддршка за да ги провери информациите вклучени во апликацијата.
- ФИНАНСИСКИ КАПАЦИТЕТ
Апликантите мора да имаат стабилни и задоволителни извори на финансирање за редовно да ги одржуваат своите активности за време на спроведувањето на предложениот Еразмус план. Меѓутоа, финансискиот капацитет нема да се проверува како дел од процесот на селекција на овој повик. Ќе се проверува кога акредитираните организации ќе аплицираат за грант, според правилата утврдени во годишните повици за предлог-проекти објавени од Европската комисија.
8. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ
Апликациите ќе се оценуваат посебно за образование за возрасни, за стручно образование и обука и за училишно образование. Квалитетот на апликациите ќе се оценува така што ќе се доделуваат бодови од вкупно 100, врз основа на подолу наведените кретериуми и пондери.
За да се земаат предвид за да бидат добитни, апликациите мора да ги поминат следниве прагови:
- Најмалку 70 од вкупно 100 бода и
- Најмалку половина од максималните бодови за сите четири категории на критериуми за доделување.
Релевантност Максимум 10 бодови | Степенот до кој: профилот, искуството, активностите и целната група на ученици на апликантот се релевантни за областа за која се аплицира и за целите на повикот.Исто така, за членовите на конзорциумот:профилот на планираните членови на конзорциумот е релевантен за намената и целите на конзорциумот онака како што е дефинирано во апликацијата за областа за којашто се аплицира и за целите на повикот;Создавањето на конзорциумот укажува на јасна додадена вредност за неговите членови, во смисла на целите на овој повик. |
Еразмус план: Цели Максимум 40 бодови | Степенот до кој: Предлог Еразмус планот е усогласен со целите на овој повик.Предлог Еразмус планот ги решава потребите на организацијата-апликант, нејзиниот персонал и на учениците на начин кој е јасен и конкретен за членовите на конзорциумот, овој критериум се применува на целиот планиран конзорциум и бара целите од Еразмус планот да бидат кохерентни со намената на конзорциумот како што е дефинирано во апликацијата. Целите и темпирањето на предложениот Еразмус план да бидат реални и доволно амбициозни за да се постигне позитивно влијание за организацијата (или конзорциумот);Предлог мерките за следење и оценување на напредокот на целите на Еразмус планот се соодветни и конкретни;Ако апликантот има приложено стратегиски документи со својата апликација, има јасно објаснување на врската меѓу предлог Еразмус планот и вклучените документи. |
Еразмус план: Активности Максимум 20 бодови | Степенот до кој: Предложениот број на учесници на мобилности е пропорционален со големината и искуството на организацијата на апликантот за координатори на конзорциуми, ќе се води сметка за планираната големина на конзорциумот. Предложениот број на учесници на мобилности да биде реален и соодветен за целите утврдени во Еразмус планот;Профилите на планираните учесници се релевантни за областа на апликацијата, предлог Еразмус планот и целите на овој повик;Онаму каде што е релевантно, и ако апликантот планира да организира мобилности за ученици: вклученост на учесниците со помалку можности. |
Еразмус план: Менаџмент Максимум 30 бодови | Степенот до кој: Апликантот предложил конкретни начини на придонес кон основните принципи на Еразмус акредитацијата опишана во стандардите за квалитет на Еразмус;Апликантот има предложено јасна и целосна распределба на задачите во согласност со стандардите за квалитет на Еразмус;Апликантот има распределено соодветни ресурси за управување со програмските активности во согласност со стандардите за квалитет на Еразмус;Има соодветен ангажман на ниво на раководството на организацијата;Дефинирани се соодветни мерки за да се обезбеди континуитет на програмските активности во случај на промена на персоналот или раководството на организацијата-апликант;Апликантот има предложено конкретни и логични чекори за интегрирање на резултатите на нивните мобилности во редовната програма на организацијата за координатори на конзорциуми, овој критериум се применува на целиот планиран конзорциум. |
- МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА ДОДЕЛЕНИ ЕРАЗМУС АКРЕДИТАЦИИ
Во државите каде што интересот за Еразмус акредитацијата е многу голем, Националната агенција може да утврди максимален број на акредитации за доделување. Оваа одлука се донесува поединечно за секоја од трите области и се објавуваат на веб-страницата на Националната агенција заедно со овој повик.
- Ако Националната агенција не утврди максимален број на одобрени акредитации за дадена област, сите апликации коишто ги исполнуваат минималните критериуми утврдени во овој повик ќе бидат одобрени.
- Ако Националната агенција утврди максимален број на одобрени акредитации за дадена област, ќе се направи ранг-листа на апликации кои ги исполнуваат минималните критериуми.
Акредитациите што ќе се доделуваат ќе почнат од апликации со најголем број на бодови, сè додека не се достигне максимален број на доделени акредитации. Во случај повеќе од една апликација да има ист број на бодови во однос на претходно доделената акредитација, ќе се зголеми максималниот број на доделени акредитации за да се вклучат сите акредитации со ист број на бодови.
Како исклучок, акредитациите доделени на апликанти преку брза постапка на носители на Повелби за мобилност во СОО нема да се бројат како дел од максималниот број на акредитација дефинирани од Националната агенција за областа на стручно образование и обука.
9. БРЗА ПОСТАПКА ЗА НОСИТЕЛИ НА ПОВЕЛБИ ЗА МОБИЛНОСТИ ВО СОО
Следниве критериуми ќе се применуваат само кај носители на Повелби за мобилност во СОО кои аплицираат под брза постапка.
Критериуми за право на учество | За да се аплицира под брза постапка, организацијата-апликант мора да биде носител на валидна Повелба за мобилност во СОО на Еразмус+. Како исклучок, организациите акредитирани со тековната Еразмус+ повелба за мобилност во СОО кои бараат значително да ја сменат својата стратегија за интернационализација (на пример, со менување од поединечна акредитација до акредитација на координатор на конзорциум за мобилности) не можат да аплицираат под брза постапка. |
Критериуми за селекција | Предложениот Еразмус план мора да биде кохерентен, јасен и доследен на стратегијата за интернационализација на организацијата. Финансискиот капацитет нема да се проверува како дел од брзата постапка. Ќе се проверува кога акредитираните организации ќе аплицираат за грант, според правилата утврдени во годишните повици за предлог-проекти објавени од Европската комисија. |
Критериуми за исклучување | Апликантите под брза постапка ќе се оценуваат според истите критериуми за исклучување како и апликантите кај стандардната постапка, како што е опишано во Дел 6 од овие правила. |
Критериуми за доделување | Апликантите од брзата постапка нема да се оценуваат според критериумите за доделување. Еразмус акредитација ќе биде доделена на сите апликанти под брза постапка кои ќе ги поминат критериумите за право на учество, селекција и за исклучување. |
10. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕРАЗМУС АКРЕДИТАЦИЈА
Успешните апликанти ќе добијат Еразмус-акредитација во форма на сертификат со кој се потврдува нивниот статус, и на која има лого на програмата и симболи на Европската унија.
Со аплицирањето на овој повик, апликантите се согласуваат дека нивниот идентитет (вклучувајќи ги и сите јавни информации од Системот за регистрација на организации) и резултатите од селекцијата може да бидат објавени од Европската комисија и од Националните агенции.
11. ВАЛИДНОСТ
Еразмус акредиитацијата се доделува за периодот од 2021 до 2027 година. За да се обезбеди реално планирање, Еразмус планот доставен како дел од апликацијата ќе опфати покус период од две до пет години и ќе се ажурира периодично како што е опишано во Дел 12.
Во случај Еразмус-акредитацијата да биде потребна за учество во која било акција по завршувањето на програмскиот период 2021-2027, Националната агенција може да ја пролонгира важноста на акредитациите во согласност со условите дефинирани од Европската комисија.
Акредитацијата може да се раскине во кое било време во случај организацијата да престане да постои, или по пат на договор меѓу Националната агенција и акредитираната организација.
Националната агенција или акредитираната организација може унилатерално да ја укине акредитацијата ако не се достават апликации за финансирање во време од најмалку три години.
12. ИЗВЕСТУВАЊЕ, МОНИТОРИНГ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ И ПРИЗНАВАЊЕ
Затворање извештаи на крајот од секој договор за грант | На крајот на секој договор за грант одобрен според Еразмус акредитацијата, акредитираната организација ќе достави завршен извештај за спроведените активности и таргети. За носителите на Повелби за мобилност за СОО кои успешно аплицираат според брзата постапка, конечните извештаи на договорите за грант спроведени според Повелбата за мобилност во СОО (2014-2020) ќе се сметаат за еквивалентни со извештаите за затворање на грант-договорите под Еразмус-акредитацијта, и соодветно земени предвид од страна на Националната агенција при мерењето на учинокот на организацијата. |
Извештаи за напредок на акредитации | Врз основа на содржината на одобрениот Еразмус план, и барем еднаш во период од пет години, акредитираните организации ќе треба да: Известуваат за тоа како обезбедиле исполнување на стандардите за квалитет на Еразмус;Известуваат за тоа како напредуваат нивните цели од Еразмус планот;Да го ажурираат својот Еразмус план. Националната агенција може да реши да побара извештај, за напредокот на различните елементи наведени погоре, истовремено или посебно. Националната агенција може да реши да замени кој било извештај за напредок на акредитацијата со структуирана мониторинг посета. Врз основа на работата на акредитираната организација како резулат на известувањето, мониторингот и проверките на обезбедувањето квалитет, или како резултат на значителни промени во организацијата, Националната агенција може да го промени бројот и распоредот на извештаите за напредокот. Исто така, акредитираните организации може доброволно да побараат да го ажурираат својот Еразмус план. Врз основа на резонот на организацијата, Националната агенција ќе реши дали е оправдано да се бара ажурирање. Ажуриран Еразмус план може да вклучува барање за промена од поединечна акредитација на организација до акредитација за координатор на конзорциум за мобилност или обратно. |
Мониторинг и проверки | Националната агенција може да организира формални проверки, мониторинг посети или други активности, за да го следи напредокот и учинокот, да обезбеди почитување на договорените стандарди за квалитет и да обезбеди поддршка. Формалните проверки може да бидат во форма на канцелариска проверка или посета на акредитирана организација, член на конзорциум, организации во поддршка и која било друга канцеларија каде што се случуваат релевантни активности. Националната агенција може да бара помош од националните агенции од другите држави за да ги проверат и мониторираат активностите кои се случуваат таму. |
Следејќи го извештајот или мониторинг активноста, Националната агенција ќе даде фидбек за акредитираната организација. Националната агенција може, исто така, на акредитираната организација да ѝ даде задолжителни или советодавни упатства за подобрување на нејзиното работење.
- ПРИЗНАВАЊЕ НА ИЗВОНРЕДНОСТ
Најдобрите акредитирани организации ќе бидат признаени преку доделување на називи за извонредност.
Како дел од овој повик, назив за извонредност ќе им биде доделен на носителите на Повелби за мобилност во СОО коишто успешно ќе аплицираат за брзата постапка и кои ќе постигнат просечна оценка од најмалку 85 бодови при евалуацијата на нивните последни два конечни извештаи од спроведувањето на Еразмус+ проекти со Повелбата за мобилност на СОО. Доделените називи за извонредност ќе важат три години.
Условите за доделување на називи за извонредност на новоакредитираните организации во сите три области ќе бидат дефинирани во годишните повици објавени од Европската комисија.
- ПРАВНИ ЛЕКОВИ
Во случај на новоакредитирани апликанти, Националната агенција може да ги преземе следниве правни лекови кога станува збор за високоризични организации, или непостапување со упатството и според роковите на Националната агенција, мал учинок што резултира од известување, мониторинг и проверки на обезбедување квалитет, или прекршување на правилата на програмата (вклучувајќи и во друга акција):
- Опсервација: Националната агенција може да го ограничи нивото на финансирање за коешто може да аплицира акредитираната организација во акциите каде што се бара Еразмус акредитација.
Новоакредитирана организација може да биде ставена под опсервација ако се идентификува ризик од лош квалитет при спроведувањето на проверката на оперативниот капацитет, или ако оценувачот на проектот укаже на сериозни слабости во Еразмус планот на апликантот.
- Суспензија: суспендираните организации не може да аплицираат за финансии во акции каде што се бара Еразмус акредитација. Националната агенција може, исто така, да раскине некои, или сите тековни договори, доделени во случаи на суспендирани акредитации.
Периодот на опсервација или суспензија ќе продолжи сè додека Националната агенција не одреди дека условите и барањата утврдени со овој повик не се повторно исполнети, и дека ризикот од лошо спроведен проект не е решен од страна на акредитираната организација.
Организациите под опсервација или суспензија не може да аплицираат за нова акредитација во истата област.
Во случај на натамошно неисполнување на упатствата и роковите на Националната агенција, како многу лошо спроведување, или повторно и значајно прекршување на правилата на програмата (вклучувајќи и во друга област), Националната агенција може да ја укине акредитацијата.
13. ИНДИКАТИВЕН РАСПОРЕД
Индикативно темпирање | |
Објавување на повикот | мај 2020 година |
Рок на достава | 29 октомври 2020 година |
Период на оценување | ноември 2020 – февруари 2021 година |
Одлука за добитниците | февруари 2021 година |
Информации до апликантите | до средината на февруари 2021 година |
- ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ ЗА УСПЕШНИ АПЛИКАНТИ
Успешните апликанти за Еразмус акредитација ќе добијат поедноставен пристап до финансиските можности на клучна акција 1 во својата област сè додека важи акредитацијата[6].
Годишните грантови за акредитираните организации ќе се базираат врз неколку критерииуми вклучувајќи: учинок што произлегува од известувањето и мониторингот, активностите што ги бара апликантот, приоритетите утврдени на годишно ниво и расположливиот буџет за релевантниот вид на акција.
Погоренаведениот список на критериуми е индикативен, а не исцрпен. Конечните критериуми за акредитираните организации да добијат пристап до финансии ќе се дефинираат во годишните повици за предлог-проекти објавени од Европската комисија.
15. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Сите лични податоци во апликацијата или одлуката за доделување грант ќе бидат обработени од Националната агенција во согласност со:
- Регулатива (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година за заштитата на физичките лица од обработката на личните податоци од страна на институциите, телата, службите и агенциите на Унијата и за слободното движење на таквите податоци, укинувајќи ја Регулативата (EC) бр. 45/2001 и Одлуката бр. 1247/2002/EC (текст со ЕЕА релевантност).
- Секундарно по значење, и сè додека не се применува Регулативата (EU) 2018/1725 -Регулативата за заштита на општи податоци (General Data Protection Regulation – GDPR или ЕУ Регулативата 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот), или националното законодавство за заштита на податоци доколку не се применува GDPR (за држави кои не се членки на ЕУ).
Освен ако не е означено како опцијално, одговорите на прашањата на апликантот во апликацијата се неопходни за да се оцени и натаму да се обработи апликацијата за грант во согласност со правилата на апликацијата. Личните податоци ќе се обработуваат само за таа цел од страна на одговорнииот сектор или одделение (ентитет кој е вршител на контролор на податоци).
Личните податоци може да се трансферираат врз основа на потребата да се знае на трети страни вклучени во евалуацијата на апликациите, или во последователната процедура на управување со грантот, без да се навлегува во правото на префрлување на телата задолжени за мониторинг и инспекциски задачи во согласност со правото на Европската унија, или на телата со мандат за правење евалуации на програмата, или на кои било од нејзините акции. Особено, за целите на заштита на финансиските интереси на Унијата, личните податоци може да се префрлат на службите за внатрешна контрола, на Европскиот суд на ревизори, на Панелот за финансиски неправилности или до Европската служба за борба против измама и меѓу овластени службеници на Комисијата и на извршните агенции.
Апликантот има право на пристап до своите лични податоци и право да ги поправи таквите податоци. Доколку апликантот има прашања во врска со обработката на своите лични податоци, тој/таа ќе се обрати кај Агенцијата која го селектирала проектот. Во случај на конфликт, апликантот, исто така, има право на жалба во кое било време кај Европскиот надзорник за заштита на податоци.
Што се однесува до обработката на лични податоци од Еразмус+ програмата, детална изјава за приватност, вклучувајќи и контакт информации, се наоѓаат на веб-сајтот на Комисијата.
16. АНЕКСИ
- Анекс I: Стандарди за квалитет на Еразмус
[1] Програмата за образование, обука, млади и спорт на ЕУ за 2021-2027 предложена од Европската комисија на 30 мај 2018 година (натаму „програма“) сè уште не е донесена од европските законодавци. Меѓутоа, овој повик за акредитација е објавен за да го олесни пријавувањето на потенцијалните корисници на грантови од Унијата штом законската основа ќе биде донесена од страна на европските законодавци.
Овој повик за акредитација законски не ја обврзува Европската комисија. Во случај на суштинска модификација на законската основа од страна на европските законодавци, тековниот повик може да биде изменет или откажан, и може да се објават други повици за акредитација со различна содржина и со соодветни крајни рокови.
Генерално, која било акција што произлегува од овој повик за акредитација е предмет на следниве услови, чијашто имплементација е надвор од контролата на Комисијата:
- Донесувањето од страна на Европскиот парламент и Советот на Европска унија на конечниот законски текст за воспоставување на програмата,
- Донесувањето на Работната програма за 2021 година и последователните годишни работни програми, како и општите правилници за имплементација, критериумите и процедурите за селекција, по доставувањето од Комитетот на програмата и
- Донесувањето на буџетот за 2021 година, како и последователните буџети на Европска унија од страна на буџетската власт.
Предлог програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт за 2021-2027 се базира на членовите 165 и 166 од Договорот за функционирање на Европска унија и на принципот на супсидијарност.
[2] Регулатива (ЕУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и на Советот од 11 декември 2013 година за воспоставување на „Еразмус+“, програма на Унијата за образование, обука, млади и спорт и укинувајќи ги Одлуките бр. 1719/2006/EC, 1720/2006/EC и 1298/2008/EC.
[3] Без да се навлегува во правото на дефинициите утврдени од националната власт, водете сметка дека организациите кои обезбедуваат стручно образование и обука за возрасни ученици типично се сметаат дека се провајдери на стручно образование и обука, а не провајдери на образование за возрасни. За натамошни информации, консултирајте ги применливите дефиниции на веб-страницата на Националната агенција.
[4] Во зависност од донесувањето на законскиот текст. Во програмата на Еразмусs+ 2014-2020, листата ги вклучуваше: Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Турција, Република Северна Македонија и Србија.
[5] Регулатива (EU, EURATOM) 2018/1046 на Европскиот парламент и на Советот од 18 јули 2018 година за финансиските правила што се применуваат на општиот буџет на Унијата, изменети на Регулативата (EU) бр. 1296/2013, (EU) бр. 1301/2013, (EU) бр. 1303/2013, (EU) бр. 1304/2013, (EU) бр. 1309/2013, (EU) бр. 1316/2013, (EU) бр. 223/2014, (EU) бр. 283/2014 и Одлуката бр. 541/2014/EU и поништувањето на Регулативата (EU, EURATOM) бр. 966/2012 (1) OJ-L 193/30.07.2018, стр.1
[6] Без да се навлегува во правото на клаузулата за резервна листа на овој повик.