ЈАВЕН ПОВИК за објавување на повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Врз основа на Решение за објавување на повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр. 10-1026/2 од 22.07.2020 година Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за објавување на повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Согласно законските правила и прописи постои потреба за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Со изработка на овие документи ќе се опфати во целост работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција), вклучувајќи ги тука условите за работа, организацијата и раководењето на институцијата како и лоцирање на главните аномалии и недоследности кои влијаат на квалитетот на работата.
Поради комплексноста во изработката на горенаведените документи како и итноста што произлегува од новините на новата програма Еразмус+ 2021-2027 потребно е да се ангажира стручно лице – надворешен експерт кој ќе ги изготви истите.
На повикот може да се пријават лица кои имаат искуство во изработка на горенаведените документи и покрај тоа тие треба да знаат да ги подготват следните податоци:
– податоци за законските надлежности на институцијата;
– податоци за обемот на работа на секоја организациона единица во институцијата во последните три години;
– податоци за бројот на систематизирани и пополнети работни места;
– проценка за ефикасноста на секоја организациска единица во однос на остварување на законските надлежности, стратешкиот план и/или програмата за работа и за почитувањето на роковите;
– проценка на внатрешната организација потребна за остварување на законските надлежности, стратегискиот план и/или програмата за работа по организациски единици во законски утврдените рокови;
– проценка на работните места потребни за остварување на законските надлежности, стратегискиот план и/или програмата за работа во законски утврдените рокови;
– образложение за потребата од промена на внатрешната организација и/или на потребата од промена на систематизираните работни места (зголемени/намалени надлежности и/или зголемен/намален обем на работа).
Потребни квалификации за аплицирање:
- Завршени постипломски студии од општествени, организациски науки или менаџмент;
- Искуство во спроведување на слични активности;
- Напредни организациски и комуникациски вештини.
Потребни документи и рок за аплицирање:
– Кратка биографија (CV) на македонски јазик
– План за работа согласно барањата на овој повик и предлог временска рамка,
За својата работа, избраниот надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има право на надоместок.
Одделението за управување со човечки ресурси ќе ги прима и разгледува пристигнатите апликации и ќе состави записник со листа на прифатливи кандидати кои ги исполнуваат наведените критериуми. Записникот со листата се доставува до директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која ќе го врши изборот на кандидатот по претходно направено интервју. Со избраниот кандидат ќе се склучи договор.
Начин на пријавување
Апликациите да се доставуваат на следната електронска адреса: info@na.org.mk најдоцна до 31.07. 2020 година до 16:00 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе име и презиме на експертот/експертката, со назнака „За ЕРАЗМУС 2021-2027 – изработка на Функционална анализа, Стратегиски план на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“.
-Дополнение на Јавен повик за ангажирање на надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност:
Интервјуто за избор на надворешен експерт за изработка на Функционална анализа, Стратегиски план и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе се спроведе најдоцна до 7 август 2020 година, додека изработката на потребните документи е најдоцна до 31 август 2020 година.