• Почетна
  • Еразмус+
    • Клучна Акција 1
    • Клучна Акција 2
    • Клучна Акција 3
    • Жан Моне Активности
    • Спорт
    • Еразмус+ Прашања
  • Документи
    • Еразмус+ Упатства и Прирачници
    • Институции и Потенцијални Апликанти
    • Апликациски Формулари 2020
    • Апликациски Формулари 2019
    • Апликациски Формулари 2018
    • Резултати
    • Резултати ТАС
    • Формулари за Финални Извештаи
    • Обрасци за Договори
    • Клучни Документи за Надворешни Експерти
  • За Агенцијата
    • Директор
    • Национална Агенција
    • ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ
    • Стратешки план 2021-2023
    • Систематизација на НА
    • Политика за Квалитет
    • Пристап до Информации
    • Лични Податоци
    • Контакт
    • Вработени
    • Вработување во НА
    • Волонтирање во НА
  • Линкови
    • Образование во Р.М.
    • Институции во Р.М.
    • Линкови до Европски Портали
    • Национални Агенции
    • Национални Агенции – Област Млади
  • Новости
  • Настани
  • ЕУ Иницијативи
    • ЕПАЛЕ
    • ЕВРОПАС
    • ЕКВЕТ
    • ЕУРОГАЈДЕНС
    • ЕТВИНИНГ
    • ЕВРИДИКА
    • Студирај во Македонија
    Have any question?
    +389 2 3109 045
    info@na.org.mk
    NANA
    • Почетна
    • Еразмус+
      • Клучна Акција 1
      • Клучна Акција 2
      • Клучна Акција 3
      • Жан Моне Активности
      • Спорт
      • Еразмус+ Прашања
    • Документи
      • Еразмус+ Упатства и Прирачници
      • Институции и Потенцијални Апликанти
      • Апликациски Формулари 2020
      • Апликациски Формулари 2019
      • Апликациски Формулари 2018
      • Резултати
      • Резултати ТАС
      • Формулари за Финални Извештаи
      • Обрасци за Договори
      • Клучни Документи за Надворешни Експерти
    • За Агенцијата
      • Директор
      • Национална Агенција
      • ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ
      • Стратешки план 2021-2023
      • Систематизација на НА
      • Политика за Квалитет
      • Пристап до Информации
      • Лични Податоци
      • Контакт
      • Вработени
      • Вработување во НА
      • Волонтирање во НА
    • Линкови
      • Образование во Р.М.
      • Институции во Р.М.
      • Линкови до Европски Портали
      • Национални Агенции
      • Национални Агенции – Област Млади
    • Новости
    • Настани
    • ЕУ Иницијативи
      • ЕПАЛЕ
      • ЕВРОПАС
      • ЕКВЕТ
      • ЕУРОГАЈДЕНС
      • ЕТВИНИНГ
      • ЕВРИДИКА
      • Студирај во Македонија

      Новости

      Notes and QA – Individual mobilities

      • Categories Новости
      • Date July 23, 2020

      Учеството на Обединетото Кралство во Еразмус+ и Европски солидарен корпус
      Со ратификување на договорот за повлекување на Велика Британија стапи на сила од 1.2.2020, а перидот на транзиција ќе заврши на 31.12.2020 год. Од 1 јануари 2021 Обединетото Кралство ќе се третира како трета држава за пристап кон програмите на ЕУ вклучително и Еразмус+. Во иднина учеството во програмите по 2020 година ќе зависи од целокупните преговори помеѓу Европски парламент и Велика Британија.
      Упатства во случај на виша сила
      Според Договор за грант во член 2.1 зa виша сила ( force majeure ) :
      „Виша сила“: секоја непредвидлива, исклучителна ситуација или настан вон контролата на страните која ја спречува која било од нив во исполнувањето на нивните обврски од Договорот, што не може да се припише на грешка или небрежност од нивна страна или од страна на поврзаните субјекти на под-изведувачите или на трети страни кои добиваат финансиска поддршка и за кои може да се докаже дека се неизбежни и покрај изведувањето на длабинската анализа (due diligence). Следниве ситуации не може да се сметаат за виша сила: работни спорови, штрајкови, финансиски тешкотии или секое неизвршување на услуга, дефект на опрема или материјали или одложувања на нивната достапност, освен ако тие потекнуваат директно од релевантен случај на виша сила;
      Висина на грант
      Според насоките од ЕК висината на веќе одобрениот грант не може да биде зголемена. Сите трошоци, направени над максималниот износ на грант ќе треба да се финансираат од други извори.
      Времетраење на договор
      НА може да одлучи да го продолжи времетраењето на реализација на проектот до 12 месеци. Проектите кои траат 12 месеци може да се
      продолжат до 24 месеци. Оние кои траат 24 месеци може да се продолжат до 36 месеци. Проектите не може да траат повеќе од 36 месеци.
      Комбинирана мобилност
      KA1 (активности за учење, настава и обука)
      Ученици:
      На учениците на Еразмус+ може да им се понуди можност да ја започнат својата активност преку виртуелни активности (кој било вид на виртуелна активност што одговара на опсегот на мобилноста, како што се учење на далечина организирана од институцијата домаќин, виртуелна обука, волонтерство преку интернет, итн.), да се комбинира со физичка мобилност во странство на подоцнежен датум, ако и кога ситуацијата го дозволува тоа. Онаму каде што е применливо, учесниците ќе можат да имаат корист од можностите за учење на јазик преку алатката за јазична поддршка, пред почетокот на нивниот виртуелен период, до крајот на нивната мобилност. Стекнатите резултати од учењето и вештините ќе бидат признати и од виртуелната и од физичката мобилност.
      Вработени:
      За краткорочна мобилност на персоналот (наставници, професори, обучувачи, младински работници, итн.) ќе се смета целиот период од виртуелната мобилност за квалификуван во услови на виша сила.
      Правила за финансирање:
      Во однос на финансирање, во континуитет со постојните вонредни мерки, корисниците би имале право да добиваат финансиска поддршка (на пр., Организациска поддршка под КА1 мобилност во образованието и обуката) од програмите, без оглед дали учесниците ја извршуваат својата мобилност виртуелно, физички, или како комбинација на двете. Во случај корисниците да одлучат да заменат дел од физичкиот
      период во странство со виртуелни активности, тогаш ќе бидат предвидени пониски трошоци – за покривање на трошоците на учесниците.
      Признати трошоци
      Во однос на важечките правила за финансирање, согласно флексибилните мерки во овој исклучителен период, за КА1 активностите кои првично биле планирани со физичко присуство, а ќе се спроведуваат како комбирани или виртуелни активности заради кризата Ковид -19, ќе се земе предвид како прифатлив трошок само трошоците поврзани со Организациската поддршка, кои ќе бидат исплатени по учесник, покривајќи го физичкиот, виртуелниот или комбинираниот период што овој учесник може да го спроведе. Од ова се подразбира дека организацијата продолжува да биде одговорна за извршување на сите потребни задачи за спроведување на квалитативни активности (подготовка, поддршка во текот на активноста и следење) како што е утврдено во програмата, независно од тоа дали активноста се одвива физички, виртуелно или комбинирано.
      Реализација на активности
      На учесниците на програмата Еразмус + им се нуди можност да ги започнат активностите виртуелно, кои во иднина можат да се комбинираат со мобилност (физичко присуство), доколку ситуацијата го дозволува тоа. Корисниците треба да се стремат реализацијата на активностите/мобилноста да ја реализираат со физичко присуство почитувајќи го правилото за времетраење на активностите утврдено во Водичот за програмата за 2020 година. Доколку ова не е возможно, со оглед на еволуцијата на пандемијата Ковид-19, корисниците ќе можат да ја означат (селектираат)
      ситуацијата како виша сила и НА ќе може да ги признае овие мобилности.
      Додаток на договор за грант
      Во случај кога се реализира виртуелна мобилност, помеѓу корисникот и НА, потребно е да се потпише додаток кон Договорот за грант каде се наведени трошоците кои се признаваат. За виртуелните активности не се признаваат следниве трошоци: за пат, индивидуална поддршка и трошоци за курс. Онлајн јазичната поддршка (OLS) е предвидена во сите можни случаи.
      Штом се почне со мобилност (физичко присуство на активноста), на учесникот му следува покривање на трошоците од одобрениот грант.
      За долгорочните мобилности (Еразмус про) се препорачува подготвителните посети да се организираат виртуелно. Тоа значи дека трошоците за оваа посета нема да бидат признаени.
      Онлајн јазична поддршка
      Отстранета е обврската за секој учесник во мобилност во врска со втората (финална) проверка на јазичните компетенции. Првата проверка на јазичните компетенции е сè уште задолжителна, за секој учесник да може да го процени нивото на јазични квалификации пред да започне со мобилноста, но конечната, финална проверка на јазичните компетенции е незадолжителна и зависи од секој учесник дали сакаат повторно да го проценат нивото на јазични компетенции по нивниот период во странство.
      Насоки за постапување во врска со меѓуинституционални договори во високото образование согласно ситуацијата со Ковид-19
      Фазата за тестирање на online договорите за соработка помеѓу универзитетите (inter-institutional and bilateral agreements) е продолжена до месец октомври 2020 година. Универзитетите, кои успеале да ги тестираат Online договорите, имаа
      можност да ги дадат своите коментари и повратни информации преку On line спроведена анкета во месец мај. Воедно нови коментари во врска со интеринституционалните договори ќе може да се поднесат во месец октомври 2020 година.
      Високообразовните институции ќе започнат со користење на системот за склучување на online интер-институционални и билатерални договори во јануари 2021 година, при што овие договори ќе се однесуваат на мобилностите кои ќе започнат во 2022 година.
      Важноста на веќе склучените билатерални и интеринституционални договори за мобилностите од КА103 е продолжена за 1 година т.е. ќе може да ги покрие мобилнсотите кои би се грантирале согласно повикот во 2021 година.
      Достапност на средства за меѓународна димензија во високото образование (International Credit Mobility – Capacity Building in Higher Eduaction) повик 2021
      Следните две меѓународни акции нема да бидат достапни за повикот 2021:
      Мобилност помеѓу програмски и партнерски држави во високото образование (International Credit Mobility – ICM)
      Градење на капацитети во високото образование (Capacity building in Higher Education)
      Меѓународни акции од програмата Еразмус+ кои ќе продолжат и следната година 2021 и за истите ќе биде објавен повик:
      Еразмус Мундус
      Жан Моне
      Алокација на јазични лиценци согласно повикот 2020 за високо образование
      Сите студенти кои користат онлајн јазична проверка имаат можност да следат и јазични курсеви за периодот додека ја реализираат студентската мобилност или студентската пракса. Националните агенции ги имаат алоцирано јазичните лиценци преку
      системот Е+ линк и ОЛС при што сите учесници во високо образование имаат можност да ги надградат своите јазични компетенции додека студираат во програмските држави преку програмата Еразмус+.
      Пресметка на финансиски средства согласно приложена документација
      Организациска поддршка:
      Пресметката на финансиските средства се однесува на лицата кои реализирале физичка мобилност, виртуелна мобилност или комбинирана мобилност.
      Исклучителни трошоци (Exceptional costs):
      На корисниците им е дозволено да пренесат до 10% од средствата од која било категорија на буџет, врз основа на единечни придонеси на исклучителни трошоци со цел да ги покријат трошоците поврзани со купување и/или изнајмување опрема и/или услуги потребни за спроведување на активности за виртуелна мобилност на Ковид-19.
      Во врска со мобилности помеѓу програмски и партнерски држави овие трансфери на средства мора да се однесуваат на исти региони/енвелопи исти држави.
      Предвремено прекинување на студентските мобилности и студентските пракси
      Откажување на студентски мобилности, студентски пракси, наставни ангажмани и обуки за административен кадар
      Финансиските средства од грантот можат да ги покријат следните трошоци:
      Трошоци поврзани со:
      Периодот за реализација на мобилноста;
      Период кога мобилноста е прекината;
      А – Доколку има трошоци поврзани со мобилноста;
      Б – Доколку се продолжи со виртуелна мобилност (трошоци поврзани со подготовка на мобилноста-организациска поддршка, патни трошоци како и дополнителни
      трошоци поврзани со конкретната ситуација).
      Вкупната сума на грантот согласно договорите Национална агенција – високо образовна институција не смее да биде надмината.
      Во ситуација кога студентот, кој студирал во странство, има прекин во мобилноста поради ситуацијата со Ковид-19, односно Универзитетот има прекин во наставата, при што после одреден период студентот повторно ќе почне да следи настава и да ја реализира мобилноста, периодот кога била прекината мобилноста дали ќе се смета за валиден?
      Периодот на прекин на настава, после кој студентот продолжува со редовна настава и со реализација на мобилноста, ќе се смета за валиден.
      Високообразовната институција нема потреба периодот кога мобилноста била прекината да ја внесува во МТ+. Периодот кога мобилноста била прекината потребно е да се нотира во сертификатите и преписот на оценки кој што ќе го добијат студентите по завршување на мобилноста, односно студентската пракса.
      Дали е потребно студентите и професорите да пополнат онлајн прашалник доколку нивната мобилност е откажана, при што, сепак, одредени трошоци веќе се направени?
      Пополнувањето на прашалникот не е обврзувачки доколку мобилноста е откажана.
      Дали е можно дополнителни патни трошоци да бидат оправдани за студенти кои се предвидени како zero grant студенти.
      Еразмус студентите кои студираат во странство без финансиска поддршка од Еразмус+ не може да добијат финансиски средства за пат.
      Дали може да се одложат предвидените мобилности за септември?
      Доколку веќе се предвидени мобилности за септември се препорачува истите да не се одложуваат т.е да продолжат со редовна реализација.
      Дали онлајн предавањата за професорите се оправдани?
      Доколку професорите сè уште не започнале со наставните ангажмани, или административниот кадар со обуките се препорачува истите да не започнат онланј.
      Наставните ангажмани и обуките се препорачува да се реализираат со
      физичко присуство од причина што истите се краткотрајни во споредба со студентските мобилности и пракси.
      Дали насоките (КА103 и КА107) во врска со онлајн учењето за студентските мобилности се однесуваат и на студентските пракси.
      Да, истите насоки и истата флексибилност се однесува и на студентските пракси.
      Дали е возможно, доколку студентот имал прекин во мобилноста, но сепак останал во државата каде што се реализира мобилноста, а воедно по одреден период продолжил редовно со студии или пракса откако прекинала причината за прекин на наставата, да се зголеми, по автоматизам времетраењето на мобилноста, а воедно и да се исплатат дополнителни средства?
      Универзитетот може да го продолжи времетраењето на мобилноста, како и да го зголеми првично доделениот буџет за студентот, но во согласност со правилата на Еразмус+, како и во согласност со буџетот којшто го има на располагање.
      Дали учесниците имаат обврска да спроведат јазична проверка кога мобилноста/праксата е откажана, или прекината при што студентите мораат да се вратат во матичната држава?
      Студентите кај кои е прекината мобилнота, или е откажана, поради пандемијата со Ковид 19 не се обврзани да спроведат јазична проверка по враќањето во матичната држава.
      Голем број на договори веќе се продолжени за дополнителни 12 месеци. Дали е можно да се користат јазичните лиценци и за дополнителниот период на важност на договорите?
      Јазичните лиценци за поддршка се продолжени до јуни 2021 година (ОЛС платформата ќе биде заменета со нова надградена платформа).
      Студентите кај кои мобилноста е одложена може да ги користат јазичните лиценци за подготовка додека не им започне мобилноста.
      Студентите кај кои мобилностите се пролонгирани од август 2020 за јануари 2021, може да имаат пристап до ОЛС платформата и да ги користат јазичните лиценци за подготовка и јазичните лиценци за проверка.
      На кој начин високообразовните институции ќе известат во МТ+ доколку се соочат со мобилности кои се откажани поради ситуацијата со Ковид 19?
      Универзитетите е потребно да ги внесат овие откажани мобилности во алатката МТ+, како мобилности кои се откажани поради виша сила согласно правилата од Водичот за Еразмус+, како и известувањата кои се
      испратени како да се постапува согласно моменталната пандемија со Ковид 19. Доколку мобилноста е одложена, а воедно студентот/професорот започне да ја реализира активноста во странство во наредниот период, потребно е да се направи соодветна корекција во МТ+ алатката.
      Откажани мобилности за кои што не се направени трошоци, потребно е да се нотираат во алатката МТ+.
      Дали универзитетите ќе ги добијат средствата за организациска поддршка (Organizational support) за мобилностите кои требало да започнат, но поради ситуацијата со Ковид 19 истите не се реализирале?
      Универзитетите ќе ги задржат средствата за организациска поддршка и за мобилностите кои требало да се реализираат, но поради виша сила истите не се реализирале. Сепак, за да бидат признаени средствата за организациска поддршка, потребно е универзитетите да ја имаат завршено целата постапка за селекција на студентите/професорите (повик за студенти/професори, договори за учење, договори за пракса, договори за наставни ангажмани или договори за обуки, реализирани јазични проверки, како и договор склучен помеѓу универзитетот и апликантот).
      Дали направените трошоци во врска со откажани мобилности т.е трошоци направени пред да започне мобилноста се оправдани. Дали трошоците направени за сместување се оправдани?
      Одобрувањето на ваков тип на трошоци можат да се одобрат само врз основа на ставките за месечни надоместоци за студентите и дневни трошоци за професорите и ставките за пат согласно правилата наведени во прирачникот за Е+.
      Студентите и професорите мора да прикажат документ, со кој би ги оправдале направените трошоци за сместување, или превоз, воедно да прикажат и потврда дека имаат побарано поврат на средствата од авиокомпанијата или сместувачките капацитети, но, сепак, истото дека не им е одобрено т.е. не им е одобрен поврат на веќе уплатените средства за пат и сместување.
      Дали може да се зголеми времетраењето на договорите за КА107 (ICM) и дали може да се направат трансфери на средства помеѓу региони/енвелопи за излезни мобилност?
      Проектите од КА107 може да бидат продолжени до 31.7.2021 година за проекти од 2018 година. Националната агенција потребно е да одлучи, согласно барањата од универзитите, дали ќе се дозволи продолжување на времетраењето на договорите од КА1017 од 2018 година.
      Трансфер на средства, во еден ист регион/енвелоп, се дозволени за повикот од 2018 година, доколку е продолжено времетраењето на договорите Национална агенција – универзиртет.
      Дали е можно да се зголеми времетраењето на договорите од 2018 година за КА107 проектите, од причина што проектите на тој начин би биле со времетраење од 38 месеци?
      Договорите за КА107 од 2018 година може да бидат продолжени за дополнителни 12 месеци, со што целосното времетраење на проектот би изнесувал 38 месеци.
      Што се однесува до договорите за КА107 од 2019 година, продолжувањето на времетраењето може да биде до максимум 36 месеци.

      • Share:
      author avatar
      administrator

      Previous post

      ПОВИК ЗА АКРЕДИТАЦИЈА – EAC/A02/2020 - АНЕКС I
      July 23, 2020

      Next post

      ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ Амбасадори (2)
      July 23, 2020

      You may also like

      Зелената агенда, дигитализацијата, интернационализација – развој на високото образование се приоритетите во новата програма на Еразмус+
      3 March, 2021

      Зелената агенда, дигитализацијата, интернационализација – развој на високото образование се приоритетите во новата програма на Еразмус+. Вкупниот буџет на европско ниво е историски највисоки 28 милијарди евра. Почнуваме со интензивна и отворена комуникација, за да поттикнеме што повеќе квалитетни проекти. …

      156448720_1789594934541771_2576421965448241797_n
      Со активното учество на универзитетите се зголемува бројот на млади и професори корисници на Еразмус + програмите.
      3 March, 2021
      ЈАВЕН КОНКУРС БРОЈ 02/2021 за ангажирање на 15 ( петнаесет ) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
      11 January, 2021

      Врз основа на член 20 став 1 од Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (“Службен весник на РМ” бр. 113/07, 24/11, 24/13, 41/14, 145/15, 55/16 и 64/18), Националната агенција за европски образовни програми и …

      Пребарај

      Categories

      • Uncategorized
      • ЕУРОГАЈДЕНС
      • Новости

      This project has been funded with support from the European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

      Контакт

      Поштенски фах 796
      1000 Скопје
      Република Северна Македонија

      адреса: Бул.Кузман Јосифовски Питу бр.17

      тел: +389 2 3109 045

      факс: +389 2 3109 043
      е-пошта: info@na.org.mk

      • Политика за приватност
      • ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
      Оваа страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро корисничко искуство. Со кликање на копчето "ПРИФАЌАМ" дозволувате употреба на сите колачиња.
      поставки за колачињаПРИФАЌАМ
      Manage consent

      преглед на приватност

      Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
      Потребни
      Always Enabled

      Потребни колачиња се оние колачиња кои и требаат на веб страната за да функционира како што треба. Оваа категорија на колачиња се тие што се потребни за основна функција на веб страната и сите безбедносни карактеристики на истата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

      Непотребни

      Сите колачиња кои делумно се непотребни за веб страната да функционира и се користат за да прибираат лични податоци преку аналитика, реклами и друг прилог се третираат како непотребни колачиња.