Дополнителен повик за Клучна акција 2 како одговор на околностите создадени од пандемијата Covid-19 Рок за аплицирање 29.10.2020 до 12.00 часот
Врз основа на амандманот C(2020) 5495 од 14 август 2020 година на работната програма на ЕК ГД Образование и култура за имплементација на програмата Еразмус+, како и решението бр.18-1119/2 од 27.08.2020 година
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
Дополнителен повик за Клучна акција 2 како одговор на околностите создадени од пандемијата Covid-19
Рок за аплицирање 29.10.2020 до 12.00 часот
Буџет изразен во евра
Стратегиски партнерства за Училишно образование | Стратегиски партнерства за Високо образование | Стратегиски партнерства за Стручно образование и обука | Стратегиски партнерства за Образование на возрасни | Стратегиски партнерства за Млади | Вкупно |
160.089 | 155.892 | 121.442 | 119.598 | 89.732 | 646.753 |
- Партнерства за подготвеност за дигитално образование (во полињата – Училишно образование, Стручно образование и обука, Високо образование): Овие проекти имаат за цел да им овозможат на системите за образование и обука да се соочат со предизвиците од неодамнешната ненадејна промена кон онлајн и учење од далечина, вклучително и поддршка на наставниците да развиваат дигитални компетенции и да ја заштитат инклузивната природа на можностите за учење.
- Партнерства за креативност (во полињата – Млади, Училишно образование и Образование на возрасни): Кризата Covid-19 особено силно ги погоди секторите на културата и креативноста. Партнерствата за креативност имаат за цел да ангажираат организации од областа на формалното и неформалното образование, заедно со оние од креативниот и културниот сектор да ја стимулираат европската свест и да ги оспособат луѓето од сегашните и идните генерации да бидат успешни иноватори во нивното локално опкружување, без оглед на социјалното и културното потекло.