Одржан воведен состанок за проекти од програмата Еразмус+
Во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 22 септември беше одржан воведен состанок за проекти од програмата Еразмус+ во областа на училишно образование, Клучна акција 1-КА101 Мобилнос на наставен кадар во училишно образование.

Со оглед на состојбата и препорачаните мерки за COVID-19 во Република Северна Македонија, во врска со организирање и одржување на состаноци, претставниците од училиштата беа распоредени во 2 термина и тоа:
- 10.00 ч. – со вкупно 11 претставници на корисници на грант и
- 13.00 ч – со вкупно 11 претставници на корисници на грант.
Воведниот состанок се одржа во дезинфицирана просторија со почитување на дистанца помеѓу присутните, задолжително носење на заштитна маска и извршување дезинфекција на рацете пред влегување во просторијата.
По завршување на првиот состанок беше извршена дезинфекција на просторијата, каде потоа се одржа вториот состанок.
На присутните со презентација им беа презентирани следните информации:
- постапка за отворање на донаторска сметка со цел изготвување на Договор за грант;
- обврски од Договорот за грант (обврски и финансиски правила);
- реализација на сите предвидени фази и активности за времетраење на проектот;
- ризици со кои може да се соочат и предвидат при имплементација и нивно надминување;
- уредно чување на целокупната проектна документација, подготовка за финален извештај и поднесување;
- продолжување на времетраење на проект;
- примена на мерките, условите и реализација на активности во услови на COVID-19 согласно забелешките од Европската комисија.
Присутните на двата состанока дискутираа и разменуваа искуства за актуелни тековни и очекувани ситуации поврзани со имплементација на одобрените проекти.
